Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

28.03.2017, 14:07

ПОТРЕБНА ИЗМЕНА НА ЗАКОНСКАТА РАМКА

Следењето на комуникациите се почесто се злоупотребува

Нелегалното следење на комуникациите доведе до голема општествена криза во Република Македонија, но ова не е прв пат системите за следење на комуникациите да бидат злоупотребени во земјава. Ова го истакна обвинителот, Марко Зврлевски на вчерашната конференција Следење на комуникации законска рамка и искуства, улогата на јавниот обвинителл која се одржа во Скопје.

Системите за следење на комуникациите како средство се користат и се злоупотребуваат и од други земји. Токму поради тоа улогата на јавните обвинители треба да стане поизразена, со цел да се намалат ваквите злоупотребии, рече Зврлевски.

Токму поради овие причини, посочи Зврлевски, потребно е измена на законското решение за следење на комуникациите бидејќи иако е предвидено главниот збор да го има јавниот обвинител, тоа е само на хартија, бидејќи системите за следење на комуникацијата и натаму остануваат единствено во рацете на Министерството за внатрешни работи. Во законските измени којшто ги предлага и меѓународната заедница треба да се воведат силни контролни механизми на употребата на средствата за следење на комуникациите, додаде Зврлевски.

Претседателот на Врховниот суд на РМ, Јово Вангеловски, рече дека без оглед што оваа конференција е организирана за јавните обвинителства, се однесува и на судовите, и се надева дека ќе биде поттик за подобра комуникација и соработка со судовите.

Следењето на комуникациите е ефикасен прав инструмент во истрагата. Истражните мерки во новиот закон се усогласени со меѓународни закони. Единствено во ситуација кога се работи за безбедноста на земјата надлежен е Врховниот суд. Кога постојат сомнежи дека се подготвува дејство против државата или вооружените сили со цел да се оневозможи одбранбениот систем на државата, барањето за следење на комуникации, јавниот обвинител го поднесува до Врховниот суд, рече Вангеловски.

На меѓународната конференција за следење на комуникациите организирана од ОЈО присуствуваа обвинители од регионот, претседателот на Врховен, Јово Вангеловски и претседателот на Советот на обвинители, Петар Аневски. Присутни беа јавни обвинители и нивни заменици од Албанија, Косово, Русија, Турција, Бугарија, Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.


Текстот е прочитан 485 пати.
#
Министерот Нухиу најави оставка, бара одговорност и од други функционери во МВР
ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
Груевски: Насилството не е решение, насилниците ќе бидат изведени пред суд
За заедничка Македонија: Не оправдуваме никакво насилство, денеска им се случи народ на тие кои се обидоа да направат државен удар
Министорот Тодоров со екипите на брзата помош им помагаше на повредените
Стотина повредени на двете страни, приведени нема
Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Влатко Ѓорчев ги бранеа нападнатите колеги од СДСМ
Нухиу: Навреме беше формиран оперативен штаб, но полицијата не си ја заврши работата
Иванов со апел за смирување на тензиите и лидерска средба кај него
МВР за евакуирањето на пратениците од Собранието

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter