Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

28.02.2017, 12:24

НБА

Вестбрук ги надигра Казинс и Дејвис

Оклахома сити тандер, предводена од Расел Вестбрук, го надигра Њу Орлеанс победувајќи на домашен терен со 118:110.

Вестбрук стигна до нов трипл-дабл од 41 поен, 11 скока и 11 асистенции, додека на Пеликанс не му помогна ниту одличната партија на најдоминантниот центарски тандем, Ентони Дејвис-Демаркус Казинс. Дејвис го заврши мечот со 38 поени, додека Казинс имаше 31 поен и 10 скока.
Лос Анџелес клиперс одигра возбудлив меч со Шарлот хорнетс и по продолжението, славеше со 124:121. Шарлот надополни 17 поени дефицит и се избори за дополнителен период со тројката на Кемба Вокер на 12 секунди пред крајот. Но немаше решение за Блејк Грифин, кој постигна 43 поени со 10 скока и пет асистенции. Вокер го предводеше Хорнетс со 34 поени, а Никола Батум дополни со 31 поен.
РЕЗУЛТАТИ: Детроит-Бостон 98:104, Торонто-Портланд 112:106, Оклахома-Њу Орлеанс 118:110, Клиперс-Шарлот 124:121, Денвер-Мемфис 98:105, Вашингтон-Јута 92:102, Лејкерс-Сан Антонио 98:119, Милвоки-Феникс 100:96.



НБА размислува да го скрати бројот на тајм-аутите

НБА лигата ја разгледува можноста за промена на правилата за да се забрзаат завршниците на средбите во најсилната светска кошаркарска лига. Како што пренесоа медиумите во САД, лигата ја разгледува опцијата за скратување на времето за тајм-аути во завршницата на НБА дуелите.
Со оваа мерка се планира и намалување на времето на траење на средбите, коие полека ги излудува гледачите и во арените и оние крај телевизиските екрани. Според истражувањата на НБА, долгите средби во лигата ги фрустрираат младите, кои се помалку сакаат да ги гледаат натпреварите.
Колку за илустрација, на дуелот меѓу Хјустон и Оклахома одигран неодамна, последните 24 секунди од средбата се играа скоро 10 минути. Комитетот на Лигата ова прашање ќе го разгледува на седницата на крајот на сезоната.



Текстот е прочитан 432 пати.
#
Исланд го погоди бејби бум девет месеци по ЕП
Харден го доби дуелот со Вестбрук
Вињалес со триумф дебитираше за Јамаха
Карлеуша и Тошиќ во турско реално шоу
На Кливленд му виси првото место на Истокот
Чудесниот Буфон и уште почудесната Италија
Фетел го надмудри Хамилтон и го прекина постот на Ферари
Ова е најубавиот начин да се каже "збогум"
Вестбрук оствари трипл-дабл без промашување
Игуана прекина меч, па направи селфи со Хас

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter