Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

08.02.2017, 13:20

ИААФ ИМ ЈА ПРОДОЛЖИ СУСПЕНЗИЈАТА

Без руски атлетичари на Светското првенство во Лондон

Русија ќе го пропушти Светското првенство во атлетика кое летоска ќе се одржи во Лондон бидејќи Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) вчера одлучи суспензијата на нејзините атлетичари да остане на сила најмалку до ноември 2017.

Ова го потврди норвешкиот експерт Руне Андерсон, претседател на посебната комисијата при ИААФ која анализираше напредокот на Русија во борбата со допингот, според кого е многу веројатно дека Светското првенство во Лондон од 4 до 13 август оваа година ќе мине без претставници од Русија.
- Секојпат кога одиме во Москва бараме извинување. Не сакам да посочам одредени личности кои го организирале допингот, но очекувам Русија да сфати дека има проблем. Само тогаш може да преземе нешто - истакна Андерсон.



Атлетскиот сојуз на Русија е под суспензија на неодредено време од ИААФ од ноември во 2015 година. Причина беше Светската анти-допинг агенција (ВАДА) која утврди дека руската држава спонзорирала масовна употреба на допинг средства.
Русија одбива да ги прифати доказите за државен допинг од претходните извештаи на ВАДА. Минатиот месец, рускиот премиер Витали Мутко негираше било каков допинг во неговата земја истакнувајќи дека нивните спортисти се најчистите во светот.
На атлетичарите кои ги следеле строгите критериуми на ИААФ и кои можат да докажат дека се чисти, ќе им биде дозволено да се натпреваруваат, но не под знамето на Русија.
До овој момент 35 атлетичари од Русија аплицирале да се натпреваруваат како неутрални.


Текстот е прочитан 1037 пати.
#
Исланд го погоди бејби бум девет месеци по ЕП
Харден го доби дуелот со Вестбрук
Вињалес со триумф дебитираше за Јамаха
Карлеуша и Тошиќ во турско реално шоу
На Кливленд му виси првото место на Истокот
Чудесниот Буфон и уште почудесната Италија
Фетел го надмудри Хамилтон и го прекина постот на Ферари
Ова е најубавиот начин да се каже "збогум"
Вестбрук оствари трипл-дабл без промашување
Игуана прекина меч, па направи селфи со Хас

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter