Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

11.04.2017, 19:26

ЗАСИЛЕНИ КОНТРОЛИ КАЈ ЈУЖНИОТ СОСЕД ОТКРИЛЕ НЕЛЕГАЛЕН УВОЗ

Македонски јагниња блеат на грчки

Засилените контроли на грчките власти затекле илјадници јагниња и јариња од Македонија, Бугарија, Романија и од Албанија кои, на нелегален начин, завршиле на грчкиот пазар во пресрет на Велигден, и се продаваат како грчки. Ова го објави атинскиот весник "Етнос", според кој килограм жива мера се нуди за помалку од две евра, но додека да стигнат до кланиците, тие се веќе со променето потекло.

Од македонската Агенција за храна и ветеринарство велат дека, засега, немаат пријави за нелегален извоз на живи јагниња и јариња во Грција.
Од АХВ објаснуваат дека Македонија извезува јагнешко месо во Грција, но оти извозот се врши по легален пат и ги има поминато сите процедури.
"Грчкиот е втор по големина пазар каде што годинава сме извезле 16.439 јагниња или 178.109 килограми јагнешко месо", ни рекоа вчера од АХВ.
Според пишувањата на "Етнос", главана причина за нелегалниот увозот на јагнешко е совпаѓањето на двата Велигдена, католичкиот и православниот.
"Ова совпаѓање доведе до пораст на извозот кон различни земји, односно во Италија, Шпанија и во Германија. Така, поради недостиг на јагнешко месо, грчкиот пазар годинава почна да се дополнува од балканските држави кои располагаат со богат избор на многу и евтини јагниња. Со наближувањето на велигденските празници, конкуренцијата од неконтролираниот увоз станува уште позадушлива за грчките сточари. Производителите од регионот Тесалија се жалат дека цели стада чекаат на границата меѓу Романија и Бугарија за да тргнат кон Грција", пишува весникот.
Според весникот, најевтиното јарешко месо се увезува најмногу од Македонија, затоа што цената на жива мера на големи количини во некои години стигнала и до две евра за килограм. Јагнињата што доаѓаат од Романија или од Бугарија, исто се евтини.
Минатата недела, купопродажбата цена на јагнешкото во Грција не надминуваше четири евра за килограм. Во некои региони цената дури беше и пониска и стигна до 3,5 евра за килограм. (И. С.)

Најмногу македонско јагнешко извезено во Италија

Од почетокот на годинава досега, на пазарите во Италија, Грција, Хрватска, Црна Гора, во Бугарија, Србија и во Швајцарија од Македонија се извезени 102.067 јагниња, односно 1.065.944 килограми јагнешко месо. Најголеми количини пласирани се на традиционално најголемиот пазар за јагнешко месо од Македонија италијанскиот каде што се извезени вкупно 59.197 јагниња или 587.260 килограми јагнешко месо. На второ место е Грција каде што се пласирани 178.109 килограми јагнешко месо, потоа пазарот во Хрватска каде што во овој временски период се извезени 13.962 јагниња, односно 144.877 килограми јагнешко месо.
На пазарите во соседна Бугарија извезени се 6.989 јагниња, односно 74.644 килограми јагнешко месо, а на пазарот во Црна Гора пласирани се 3.289 јагниња или 49.161 килограм месо.
Во истиот временски период, во Србија се извезени 1.891 јагне или 27.893 килограми јагнешко месо, а на швајцарскиот пазар пласирани се 300 јагниња, со вкупна тежина од 4 000 килограми.





Текстот е прочитан 1557 пати.
#
Министерот Нухиу најави оставка, бара одговорност и од други функционери во МВР
ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
Груевски: Насилството не е решение, насилниците ќе бидат изведени пред суд
За заедничка Македонија: Не оправдуваме никакво насилство, денеска им се случи народ на тие кои се обидоа да направат државен удар
Министорот Тодоров со екипите на брзата помош им помагаше на повредените
Стотина повредени на двете страни, приведени нема
Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Влатко Ѓорчев ги бранеа нападнатите колеги од СДСМ
Нухиу: Навреме беше формиран оперативен штаб, но полицијата не си ја заврши работата
Иванов со апел за смирување на тензиите и лидерска средба кај него
МВР за евакуирањето на пратениците од Собранието

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter