Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

09.01.2017, 13:16

ПОЛСКИ ТРИУМФ НА НОВОГОДИШНАТА ТУРНЕЈА ЧЕТИРИ СКОКАЛНИЦИ

Танде му ја подари титулата на Штох

Камил Штох го искористи катастрофалниот последен скок на Даниел Андре Танде, за да триумфира на 65. издание на новогодишната турнеја Четири скокалници, станувајќи само втор Полјак на кој му успеало тоа, по Адам Малиш во 2001 година.

Актуелниот двократен олимписки шампион славеше во Бишофсхофен, негова единствена победа на годинашната турнеја (имаше и две втори и едно четврто место), откако Танде и до тогаш првопласираниот Јуриј Тепеш целосно потфрлија во втората серија.
- Пресреќен сум и презадоволен. Им благодарам на сите кои ми помогнаа да го остварам ова - изјави Штох.
Тој за малку не го прекина настапот на турнејата, откако доживеа тежок пад на тренингот во пресрет на третиот натпревар во Инзбрук. Сепак, и покрај повредата на рамото, Штох прво го освои четвртото место во Инзбрук, а потоа го покори Бишофсхофен со скоковите од 139,5 и од 138,5 метри. Второто место му припадна на Австриецот Михаел Хајбек, кој го имаше најдолгиот скок на денот од 142 метра, а трет беше уште еден Полјак, Пјотр Зила, со 137 метри.



Овој резултат му овозможи на Зила да се пробие на второто место во генералниот поредок, додека Танде, кој во Бишофсхофен дојде со предност од 1,7 поени во однос на Штох, на крајот заврши како трет. Сепак, по две победи во низа, тој имаше крајно несигурен настап во втората серија и со далечината од само 117 метри, го освои 26. место.
Штох (29) сега ги има сите големи титули во својата колекција, имајќи предвид дека во 2013 година стана светски првак, а наредната година ги освои двете злата во поединечна конкуренција на Олимписките игри во Сочи.


Текстот е прочитан 429 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Црвениот килим на Греми 2017
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter