Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

21.12.2016, 12:18

Здравје и убавина

ЗАБЛЕСКАЈТЕ ВО НОВОГОДИШНАТА НОЌ

Идеи за убав изглед, без да потрошите многу пари

За помалку од десет дена е дочекот на Новата година. Еве некои практични совети со кои ќе заблескате во најлудата ноќ. Трикови што ќе ви помогнат да изгледате убаво, а нема да се одразат на вашите финансии:

Направете пилинг дома

Пилингот едноставно можете да го направите дома, така што ќе добиете поефикасен и поевтин пилинг. Еден од наједноставните и најпознати пилинзи е да помешате маслиново масло и шеќер (или морска сол) во размер 1:2 и во смесата да додадете неколку капки есенцијално масло. Нежно измасирајте го телото со овој пилинг, а потоа искапете се со млака вода.

Четки за шминка

Четките за шминка можат да траат многу подолго ако редовно ги миете со малку шампон (или благ детергент за садови) и малку млака вода. Сушете ги врз хартиени марамчиња, затоа што ако ги исправите водата може да се слее во дрвената дршка, со што четките побрзо стареат. Сега е вистинско време да ги измиете четкичките, наместо да купувате нови. Потоа, многу поубаво ќе изгледа кога ќе го нанесете руменилото во новогодишната ноќ.



Сјајни усни

Пред да нанесете кармин на усните, размислете дали ви се усните негувани. Доколку имате суви усни, повторно направете го истиот пилинг, помешајте малку шеќер, маслиново масло и екстракт од ванила, и секое утро направете си нежен пилинг на усните пред да ставите кармин.
Ако следнава недела секое утро го правите ова, ефектот ќе биде навистина видлив. Но, ова нека ви остане пракса и за понатаму, а не само во пресрет на празниците.


Потопете ги нозете во морска сол

Следниве неколку дена опуштете се, со тоа што ќе ги потопите нозете во миризлива купка во која ќе додадете морска сол. По тоа обликувајте ги ноктите, средете ја грубата кожа од петите и заводливо налакирајте се. Не ви треба педикир, затоа што ова лесно се прави дома. Жените обично само на лето и напролет ги средуваат нозете, но ова треба да ви биде рутина.

Проверете го грбот

Ако за новогодишната ноќ носите фустан со гол грб, задолжително проверете дали вашиот грб има мозолчиња. Доколку е така, направете нежен пилинг од маслиново масло и шеќер. Потоа нежно измасирајте се со хидратантен крем. Совет: Не мора по секоја цена да носите фустан со гол грб, ако е тој проблематичен. И во друга комбинација ќе изгледате заводливо.

Не ја прескокнувајте депилацијата

Никако не ја прескокнувајте депилацијата, на критичните зони, како рацете, нозете, бикини зоната, делови на лицетоо За ова секако дека ќе треба да одвоите пари, но се исплати. Ниту една жена не изгледа заводливо, ако за новогодишната ноќ има влакненца кои ќе $ се гледаат. Кога е најдобро време: една недела пред дочекот за да има време кожата да спласне $ да изгледа нежно и мазно.

Вадење на шминка

За вадење на шминката експертите препорачуваат маслиново масло, особено за околу очите. Нанесете малку маслиново масло на памучен диск или вата и исчистете го лицето. Освен што ги отстранува нечистотиите, маслиновото масло исто така и ја храни кожата. Овој совет применувајте го почесто и нема да згрешите.


Текстот е прочитан 4610 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter