Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

07.02.2017, 11:03

ТРАНСПОРТЕРИТЕ ГУБАТ И ПАРИ И ВРЕМЕ ЧЕКАЈЌИ ДА ЈА ПОМИНАТ ГРАНИЦАТА СО ГРЦИЈА

Блокадата на Евзони направи милионски штети на бизнисот

Милионски штети трпат транспортерите и македонското стопанство, поради еднонеделната блокада со трактори на граничниот премин Евзони, на грчка страна, велат од асоцијацијата на транспортери "Макамтранс". Според транспортерите, граничниот премин Евзони е многу важна врска на Македонија со Солунското пристаниште, но сега камионите се принудени за влез и излез од земјава да ги користат Меџитлија и Дојран.

"Веќе цела недела е отежнат транспортот на стока меѓу двете земји поради протестот на грчките земјоделци, а не постои основа да бараме надомест на штета, бидејќи станува збор за блокада која е предизвикана од штрајк. Место да се губи час или неколку часа на граница, сега се случува камионите да чекаат и цел ден на другите два премина кои работат, поради што се зголемуваат и транспортните трошоци", ни изјави вчера Билјана Муратовска, претседателка на "Макамтранс".
Муратовска вели дека асоцијацијата во петокот доставила допис до Канцеларијата за врски на Грција во Македонија, но до вчера до пладне не добиле одговор.
"Не знаеме колку ќе траат блокадите, а со тоа и тешко е да се направат прецизни проценки на штетите", вели Муратовска.
АМСМ и вчера ги повика возачите за влез во Грција да ги користат граничните премини Меџитлија кај Битола, и Дојран. На овие премини, поради зголемена фреквенција на возила, се случува да се чека и по неколку часа за влез и излез во Македонија.
Грчките земјоделци, засега, не најавуваат дека ќе ги тргнат блокадите. Според пишувањата на грчките медиуми, дури и се очекува радикализација на протестите. Ако Владата не им ги исполни барањата, тие најавуваат блокади и на граничниот премин кај Дојран, но и на железничката линија кон Македонија, кај Идомени.
(И. С.)

Железничкиот сообраќај оптоварен

На "Македонски железници" му недостигаат вагони, откако поради блокадите на граничниот премин Евзони, македонските компании бараат друго решение за за транспорт на стоката. Директорот на "МЖ Транспорт" Никола Костов, вчера ни рече дека, засега, нема прекин на железничкиот сообраќај, но оти работата на железницата е оптоварена.
"Капацитетите на возовите се целосно исполнети веќе цела недела, а потребата за железнички сообраќај преку Солун е зголемена и поради замрзнувањето на Дунав, па преносот на стока е пренасочен преку Солунското пристаниште", вели Костов.


Текстот е прочитан 1391 пати.
#
„За заедничка Македонија“ пред штабовите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
ЕК: Отворањето на преговорите зависи од Европскиот совет, не од нас
Регионална конференција за Балканската бегалска рута
Пратениците се вратија во собраниските клупи
Потврда од Албанија: Платформата од Тирана е масло на Еди Рама
(КОЛУМНА)Латас: Порно
На нозе и Македонците во Швајцарија
И овој викенд, наместо протести музички хепенинзи
ЕУ нуди работа за молери и камионџии од Македонија
Преспа е совршен пример на победа за одржливиот развој

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Компири во сол
Приготвување: компирите истријте ги со остра четкичка, измијте ги добро и ...
Site Meter