Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

24.01.2017, 13:03

КОНЦЕРТИ ЗА ДЕНОТ НА ВИНОТО И НА ЉУБОВТА

Калиопи на турнеја низ Босна и низ Хрватска

Поп-ѕвездата Калиопи се подготвува за регионална турнеја, која ќе опфати неколку града во Босна и Херцеговина и Загреб во Хрватска.

Калиопи и нејзиниот тим ја организираат турнејата како промоција на новиот сингл на хрватски јазик, "Роденден" (Роѓендан), кој беше промовиран лани на 28 декември, точно на јубилејниот 50. роденден на Калиопи. Повод е и Денот на виното и на љубовта, 14 Февруари.
"За мојот јубилеен роденден, сакам да го поделам роденденскиот подарок со моите обожаватели", изјави Калиопи.
Песната "Роденден" е комплетно авторско дело на нејзиниот продуцент и композитор Ромео Грил.
"Годините никогаш не ми биле важни како бројка, туку како можност низ нив да реализирам моменти по кои ќе бидам запаметена. Во име на тоа, не само родендените туку сите денови ги славам пеејќи", додаде Калиопи.



Турнејата почнува на 13 февруари, во "Творница културе" во Загреб, а на 14 февруари Калиопи ќе одржи концерт во Босанскиот културен центар во Тузла, Босна и Херцеговина. Утредента ќе пее во Бања Лука, а на 16. е закажан концерт во Мостар. Последните два дена од турнејата се резервирани за Зеница на 17 февруари и на крајот Сараево на 18.
При крајот на ланската година, Калиопи ја промовираше песната "Костен" (Кестен), која е обработка на стара песна од српската рок-група "Алиса". Калиопи го сними новиот сингл во рамките на радиоемисијата "Ѕвездите ги пеат ѕвездите" на белградското радио "С", во која познати пејачи преработуваат стари хитови.
По евровизиската "Дона", со која ја претставуваше Македонија на Евросонг во Стокхолм во мај, "Кестен" е нејзин прв сингл. (М.Џ.)


Текстот е прочитан 815 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter