Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

15.02.2017, 12:54

СОПРУГАТА НА СРПСКИОТ ТЕНИСЕР ТРЕБА ДА СЕ ПОРОДИ ЗА ВРЕМЕ НА ЈУ-ЕС ОПЕН

Обложувалниците го погодуваат името на второто дете на Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ размислува да го пропушти годинашното Отворено првенство на САД, бидејќи неговата сопруга Јелена би требала да се породи со второто дете токму во тоа време.

Крајниот рок за породување е крајот на август и почетокот на септември, што целосно се совпаѓа со последниот гренд слем турнир во сезоната, чие следно издание почнува на 28 август.
На тој начин, светскиот рекет број два би загубил дури 1.200 бода на АТП-листата, имајќи предвид дека минатата година играше во финалето на овој турнир.
Во меѓувреме, светските обложувалници се занимаваат со прашањето како ќе се вика идното дете на Новак и Јелена Ѓоковиќ. Како и во случајот на некои други славни личности, тие во својата понуда ги ставија полот и неколкуте можни имиња на детето.
Коефициентот дека и второто дете на Ѓоковиќ ќе биде машко изнесува 1,80, а дека Стефан ќе добие сестричка - 2,10.
Немања е фаворит меѓу машките имиња со коефициент 3,00, пред Марко (5,00) и Ѓорѓе (10,00). Ако биде девојче, најголеми шанси има името Катарина (4,50), а потоа Милица (5,00) и Елизабета (6,00).


Текстот е прочитан 839 пати.
#
Федерер стана најстар освојувач на Мастерс титула
Спарс повторно победува, триото на Кливленд даде 101 поен
Шакира и Пике нема да дојдат на свадбата на Меси
Мика Хакинен се врати во формула 1
Во еден ден два пати срушен светскиот рекорд
Шарапова се "убивала" од пиење
Стриптизета е газдарица на Несторовски и на Трајковски
Мејведер и Мекгрегор ќе инкасираат по 100 милиони долари
Јусеин Болт лудуваше на карневал на Карибите
Ние сме најнапаѓачката екипа на светот

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter