Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

10.03.2017, 14:04

Над 5,5 милиони евра за опрема и инфраструктура во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид

Продолжува големиот инвестициски циклус во нова медицинска опрема за јавните здравствени установи низ државата, кој е во вредност од 33 милиони евра. Министерството за здравство денеска ја објави процедурата за јавна набавка на медицинска и немедицинска опрема за Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид, во вредност од околу 120 милиони денари (2 милиони евра), со кои ќе набавиме 515 парчиња медицинска опрема, како и дополнителни парчиња мебел и немедицинска опрема.

Ова го истакна вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, кој рече дека тоа е најголема инвестиција во болницата по нејзиното основање во 1950 година.

Посочи дека станува збор за апарати наменети за повеќе различни специјалности, меѓу кои: апарат за анестезија со монитор, монитор за витални параметри, пенданти за интензивна нега и друга дополнителна опрема за интензивна нега, подвижен рендген апарат, ендоскопски систем за артроскопија, оперативен микроскоп за неврохирургија, надоградба на постојниот рентген кабинет, плазма стерилизатор, портабл колор доплер, ЕХО апарат со кардиолошка сонда, ЕКГ 12-канално, транспортен пациент монитор, апарат за континуирана торакална дренажа со погон на вакуум, респиратори со волуметриска и притисочна контрола, 100 електрични кревети и 50 хидраулични кревети за болничките одделенија, перфузори, автоклав, електрокаутер, апарати за стерилизација, за аспирирање, хируршки инструменти итн.

Значајно е, нагласи, што првпат болницата ќе добие дигитален рендген апарат, имајќи предвид дека во моментот во болницата функционира аналоген рендген апарат.

- Со новиот дигитален апарат ќе овозможиме многу побрзо добивање на рендген снимките, што е значаен бенефит за пациентите од аспект на побрзо дијагностицирање а со тоа и навремен третман. Исто така, со ендоскопски систем за артроскопија ќе овозможиме првпат во болницата да се врши артроскопија и на другите зглобови (досега се вршеше артроскопија на колено, а сега и на рамо, и други зглобови). Инаку, минатата година во болницата се извршени 155 артроскопски операции на колено, рече Тодоров.

Потенцира дека досега во установата немало оперативен микроскоп за неврохирургија, а сега се набавува ваков апарат со кој ќе се вршат најсложени операции на глава и рбет. Минатата година, појасни, се извршени околу 50 неврохируршки операции, а значајно е што сега установата има уште еден неврохирург кој заврши специјализација (сега се двајца неврохирурзи), што значи двојно зголемување на капацитетите за неврохирургија во болницата.

- Комплетно ќе се доопреми интензивната нега, со нови специјализирани кревети за интензивна нега со пациент монитори, перфузори, дефибрилатори, што значи комплетно унапредување на третманот на најкомплексните случаи. Операциските сали ќе бидат доопремени со операциски стол за ортопедска хирургија, операциско светло, хируршки и анестезиолошки пендант, апарат за анестезија и други апарати, истакна Тодоров.

Тој посочи дека покрај медицинската опрема набавуваат и немедицинска опрема за болницата и се предвидени нови четири лифтови за установата, меѓу кои лифтови за пациенти, за стерилизација, како и за неподвижни пациенти, имајќи предвид, како што рече, дека станува збор за болница специјализирана за трауматолошки и ортопедски дијагнози.

Според него, ова е многу значајна инвестиција за оваа установа, имајќи предвид дека таму е во тек реновирање и адаптација на нејзиниот објект. Нагласи дека веќе се извршени околу 60 отсто од градежните рабпти и се очекува реновирањето комплетно да биде завршено во втората половина на годинава. На овој начин, рече Тодоров, практично ги заокружуваме инвестициите во установата од аспект на инфраструктура и опрема.

- Реновирањето е во вредност околу 215 милиони денари (околу 3,5 милиони евра), што значи заедно со опремата станува збор за вкупна инвестиција во установата над 5,5 милиони евра за болницата „Св.Еразмо“. Во оваа установа изминатиот период бевме посветени и на надополнување и доусовршување на кадарот, како трет најзначаен сегмент покрај инфраструктурата и опремата, истакна Тодоров.

Потенцира дека во моментот девет доктори се на специјализација, од кои четворица се пратени на специјализација во Словенија, а исто така на долг рок ги зајакнуваат клучните специјалности во установата и за таа цел предвиделе 10 дополнителни специјализации за болницата во периодот до 2018 година (во областите ортопедија, трауматологија, анестезија со интензивно лекување, неврохирургија, физикална и рехабилитациска медицина, радиологија, васкуларна хирургија, интерна медицина).

Реализирани се, појасни, 30-ина едукации на здравствени работници од установата во странство, во различни области меѓу кои ортопедија, неврохирургија, неврологија, физијатрија, пластична хирургија, итн.

- Оваа установа тековно одлично функционира, а со овие инвестиции дополнително ќе ја осовремениме и ќе го унапредиме квалитетот на здравствените услуги во стационарниот и операцискиот дел од болницата, имајќи предвид дека дел од опремата во болницата е стар 20-ина години. За болницата „Св.Еразмо“ претходно обезбедивме и нов апарат за компјутерска томографија, имајќи предвид дека на дневна основа се вршат околу 30-ина вакви снимања, а исто така во болницата функционираат четири операциони сали со полн капацитет, рече Тодоров.

Додаде дека станува збор за инвестиција од која бенефит ќе имаат огромен број граѓани од Охрид и поширокиот регион, но и цела Македонија, имајќи предвид дека пациенти од целата држава се лекуваат во оваа јавна здравствена установа.


Текстот е прочитан 638 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter