Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

28.02.2017, 12:56

Алијанса за ретки болести бара нови лекови на позитивната листа

Нови лекови за ретки болести, како и нови иновативни лекови за малигни заболувања да се стават на позитивната листа на лекови, побараа денеска од Национална алијанса за ретки болести на Република Македонија на одбележувањето на 28 Февруари, Денот на ретки болести.

Претседателот на Национална алијанса за ретки болести на Република Македонија, Ребека Јанковска Ристески рече дека ќе продолжат да се залагаат да се стават некои нови лекови на позитивната листа на лекови за нови ретки болести, бидејќи, според неа, постојано има нови пациенти кои се соочуваат со проблеми.

- Многу лекови се на позитивната листа на лекови. Она што е најважно е редовната терапија, навреме да се објавуваат тендерите, да не се доцни, затоа што имаме лошо искуство. Кај некои пациенти терапијата доцни. Кога се работи за терапија не само за ретки болести, туку за која било болест има лекови кои мора редовно да се примаат и без кои не може квалитетно да се живее. Се бориме да се стават на позитивната листа некои нови иновативни лекови за малигни заболувања, посочи Јанковска Ристески.

Додаде дека во моментов работат на ставање лек на позитивна листа за мускулна атрофија.

Потпретседателот на Алијансата за ретки боелсти, Ања Босилкова Антовска рече дека се уште нема официјален податок за бројот на лица со ретки болести и дека неофицијално се шпекулира со бројка од 400.

Посочи дека не постои закон кој ја дефинира оваа спефицична група луѓе и дека институциите не се залагаат доволно.

- Би сакале да се работи на политиките кои ќе ги згрижат овие пациенти. Во Србија неодамна се донесе „зоин закон“ каде доколку во рок од шест месеци не се постави дијагноза во државата пациентот се испраќа во странство каде таа дијагноза би можела да се воспостави. Друга алтернатива може да биде доколку во државните институции нема услови за дијагноза, можеби има приватна институција која може тоа да го направи. Треба да се истражат можностите и да се донесе некој закон кој ќе го реши тоа, рече Босилкова Антовска.

Директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова информира дека е во план да се донесе новиот лек за спинална мускулна атрофија. - Сепак, одиме напред и е за почитување тој момент, знаејќи колку е скапа оваа терапија. Клиниката има обезбедено услови таа да може да се дава на пациентите, рече Софијанова.

Раководителот на Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија „Георги Ефремов“ при Македонската академија на науките и уметностите, Момир Поленаковиќ истакна дека Центарот, кој, како што рече, е врвна институција на Балканот, нуди низа нови методи за дијагностика на ретки болести. Додаде дека се залагаат се што е во светот актуелно да им биде достапно и на пацентите во Македонија.


Текстот е прочитан 471 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter