Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

13.03.2017, 08:58

ПЕЈАЧКАТА ТАТЈАНА СТЕФАНОВСКА ЈА ЗАВРШИ ТУРНЕЈАТА НИЗ АВСТРАЛИЈА СО ЖУРКА НА ПЛАЖА

Црно-бели ајкули на плажите во Перт

Фолк-пејачката Татјана Стефановска, со журка на плажа во Перт, ја заврши едномесечната турнеја низ Австралија. Завчеравечер $ беше последниот концерт во Перт, и оттаму се враќа за Македонија.

"Во Австралија велат дека најмногу ајкули има во делот кај Перт. Имаат направено заштитни мрежи на плажите за да можат луѓето да се капат, но и тие мрежи не се толку безбедни бидејќи секогаш може да се протне некоја мала. Но немаше шанса да си заминам и летото да го оставам таму, без да се поуживам малку. На плажа се сретнав со неколку девојки, и заедно направивме супер журка. Тие се Австралијки, но многу добро знаеја сe за Македонија, бидејќи имале пријатели Македонци што живеат таму. Друштвото со кое бевме, на шега ни велеше дека сме како еурокрем, оти тие беа црномурести, а само јас бела. Навистина си поминавме преубав летен и мој последен ден во Австралија. Вечерта имаше преубав концерт, и по концертот се спакував за да се вратам дома", вели Тања.
Таа крајот на минатата година и почетокот на оваа го помина во Канада, а веднаш по враќањето во Македонија, замина за Австралија. Ова не е нејзина прва турнеја во Австралија, но секогаш е задоволна од приемот на нашите иселеници.
"Нашите во Австралија многу ја почитуваат македонската музика и секогаш си поминувам убаво. Така беше и овој пат. Се веселевме на домашни хитови, се изнаигравме и се поздравивме со желба за повторно видување во некоја друга пригода", ни рече пејачката пред заминување, и вечерва треба да пристигне дома.


Текстот е прочитан 3959 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter