Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

04.02.2017, 07:54

МАКЕДОНСКАТА МЕНАЏЕРКА ДАНА СТОЈКОВА ПО ТРЕТ ПАТ ЛИДЕР ВО РЕГИОНОТ

Најважно е натпреварувањето со самите себе

Дана Стојкова (37), национален менаџер за продажба на "Авон" за Македонија и за Црна Гора, водечка глобална компанија за убавина, е прогласена за најдобар менаџер за продажба на балканскиот регион за 2016 година. Таа трет пат по ред е победник во глобалната програма "Најдобри менаџери за продажба" (Њорлд Салес Леадер). Наградата е луксузно патување за двајца до ексклузивна светска дестинација, која секоја година е различна. Оваа година патувањето води дури на две специјални дестинации: првата е Исланд, а втората е шетање, шопинг и гала-вечера со топ-менаџментот на "Авон" во Њујорк.

"Да се победи еднаш е полесно од одржување на број 1 позицијата. Во брзото време во кое живееме, да се биде победник зависи од две нешта: конкуренцијата и соработката.
Прво е конкурентноста, особено онаа најсуровата - со самите себе. Не постои поголем натпревар од оној со себе: како да ги надминам резултатите од лани, како да влијаам повеќе врз тимот, како да извлечам максимум од нова ситуација. Втората значајна работа се однесува на партнерите за работа што ги имаме. Колку повеќе ќе ги мотивираме нив толку поголем успех може да се очекува. Овие две нешта се постулатите на вложениот труд изминатите години, благодарение на кој во земјава имаме континуиран двоцифрен раст од година на година", ни изјави Стојкова по добивањето на наградата.
Дана е од самите почетоци на компанијата. Затоа со гордост може да каже дека е жена што со едната рака потпишува документи, а со другата прехранува семејства, што со едната рака се бори против брчките, а со другата против ракот на дојката. Таа ја разбира убавината на совршените усни, а, истовремено, ги користи за да проговори со нив за финансиската независност на жените и против домашното насилство. Таа ја носи убавината до вратите на луѓето и им отвора врати на луѓето.
"Бев маркетинг, плус поддршка за продажба, па маркетинг за Македонија и за Албанија, па маркетинг за Македонија, Албанија и за Бугарија. Потоа победив на светската програма 'Талент девелопер оф де јиар' и како резултат на тоа, ми се случија три работи што ми го сменија животот. Добив патување во Њујорк, на Светскиот бизнис-форум, на кој еден од предавачите беше Бил Клинтон, како и првиот човек на компанијата "Старбакс", Бенџамин Зехра. Втората работа беше престојот во Москва, каде што учев под менторство на Анџела Крецу, која денес е вицепретседател за пазарите во Турција и во Северна Африка. Исто така, таму беше и генералниот менаџер на Чешка и на Словачка, Андреа Молдован. Тогаш, во тој период, имав опција да одберам да останам и да се развивам во маркетинг-секторот или да пробам нешто ново. Пред четири години, преминав во продажба и денеска сум пресреќна што ја донесов таа одлука. Научив нови работи за 16 години", вели Стојкова.
Нејзината работа подразбира раководство на шестмина зонални менаџери, кои имаат свои тимови. Преку нив се управува со над 8 илјади претставници на компанијата, кои ги продаваат нејзините производи. За зоналните менаџери, по еден од секоја земја, има специјална програма за патувања на дестинации како Кенија, Сингапур, Хонг Конг, Аргентина. Како најдобра за лани, доби наградно патување во Виетнам. Преклани, исто така најдобра според остварените резултати, беше на наградно патување во Бразил.
"Она што е најважно на патувањата е тоа што извршните директори на светско ниво ти даваат признанија, односно те почитуваат за тоа што си го сработил. Запознаваш феноменални луѓе, но, исто така, имаш можност и да видиш дека луѓето што доаѓаат од Централна и од Јужна Европа, од Балканот се авангардни и напред со ставовите. Иако некои земји не се во ЕУ, на луѓето не им недостигаат едукација, познавање на јазик, социјални вештини", вели Стојкова.
Според нашата соговорничка, кога избираат козметички производи, жените, преку нив, сакаат да се чувствуваат самоуверено и убаво.
"Не ги купуваат поради самите производи, туку како ветување за подобро утре. Она што жените кај нас допрва почнуваат да го развиваат е поголемата свесност за правилно чистење и негување на лицето, а потоа употребата на декоративната козметика. Жените треба да се поддржат во тоа да ги видат придобивките од правилната нега на лицето, кое најпрво се чисти, па се хидрира. Да сфатат и да бидат свесни дека негуваното лице подолго останува помладо. Па така негувано, потоа се шминка", вели Стојкова.
Вели дека нема универзален рецепт за среќа што важи за сите. Но, само среќната жена е убава жена", објаснува Дана.

Лејла Сабит


Текстот е прочитан 8335 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter