Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

30.01.2017, 14:07

СЕРЕНА ВИЛИЈАМС ЈА НАДМИНА ШТЕФИ ГРАФ СО 23. ГРЕНД СЛЕМ ТИТУЛА

Венус ми е инспирација, но никогаш нема да ме стигне во бројот на трофеи

Серена Вилијамс ја освои седмата гренд слем титула во меѓусебните дуели со својата постара сестра Венус, откако ја совлада во финалето на Отвореното првенство на Австралија со 6:4, 6:4.

Тоа е 23. гренд слем трофеј за 35-годишната Американка, седми во Мелбурн, со што ја надмина Штефи Граф и сега $ треба само уште еден за да ја достигне апсолутната рекордерка Маргарет Корт.
Во емотивниот говор по завршувањето на мечот, Серена, пред сè, $ се обрати на својата една година постара сестра, која пропушти можност да ја освои првата гренд слем титула по девет години пауза.
- Не можевме да напишеме подобра приказна. Тука ја освоив првата гренд слем титула и сега стигнав до 23-тата. _ честитам на Венус, таа е фантастична личност.



Да не е таа, немаше ништо да освојам. Венус е мојата најголема инспирација да бидам најдобра тенисерка. Сепак, таа нема шанси да ме стигне во бројот на освоени трофеи - се пошегува Серена.
По седми пат во кариерата, а вкупно 310 недели, Серена од денеска повторно ќе биде на првото место на АТП-листата, симнувајќи ја од врвот ланската шампионка Ангелика Кербер, која имаше слаб настап во Мелбурн.
- Неверојатно сум горда на Серена. Ова наше ривалство е извонредно, иако имав некои чудни порази од неа. Но, нејзините победи секогаш се и мои - кажа Венус по 17. пораз во 28-те меѓусебни дуели со Серена.


Текстот е прочитан 1175 пати.
#
Федерер стана најстар освојувач на Мастерс титула
Спарс повторно победува, триото на Кливленд даде 101 поен
Шакира и Пике нема да дојдат на свадбата на Меси
Мика Хакинен се врати во формула 1
Во еден ден два пати срушен светскиот рекорд
Шарапова се "убивала" од пиење
Стриптизета е газдарица на Несторовски и на Трајковски
Мејведер и Мекгрегор ќе инкасираат по 100 милиони долари
Јусеин Болт лудуваше на карневал на Карибите
Ние сме најнапаѓачката екипа на светот

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter