Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

26.12.2016, 13:52

ОПШТИНА ЦЕНТАР

Паркирањето на "Боемска 2" допрва ќе се запира

Свеченото пуштање во употреба на улицата "Боемска 2" во петокот не направи никаква разлика во однос на паркирањето.

По забавата, тротоарот, а и делови од улицата, беа претворени во паркинг исто како и во деновите пред свеченоста. На тротоарите немаше коли само на местата коишто се заштитени од паркирање со бетонски топки на работ од тротоарот.
"Во текот на следните денови ќе најдеме начин да ги заштитиме тротоарите од паркирање. Големиот тротоар не е предвиден за паркирање. Направен е од природни гранитни плочки и наменет е за пешаци. Улицата, која е од калдрма, треба да служи само за проток на возила", велат од Центар и апелираат граѓаните да ги паркираат колите на околните паркинзи место на "Боемска 2".
Улицата во петокот, на свеченото отворање, беше преполна. И покрај студот настапите на Зафир Хаџиманов, Звонко Богдан и на Нино Величковски ги задржаа надвор боемите до доцна во ноќта.
"Боемска 2" е долга 270 метри, има вкупно 4.000 квадратни метри, а уредувањето ја чинеше Општината 43.632.737,00 или 709.475 евра. Следна улица за уредување на истиот принцип од Центар најавија дека ќе биде улицата "Михаил Цоков" со што овој дел од општината треба да прерасне во боемски кварт. (М.И.П.)


Текстот е прочитан 815 пати.
#
Триесет кандидати се обучуваат за професионални пожарникари
Простор за 250 деца во градинката "Штркче"
Ќе се обновува Старата учителска школа
Прифатилиштето ќе се проширува со парите за новогодишната прослава
Гази Баба годинава ќе асфалтира 72 улици
Паркот Нирнберг ќе се наводнува со автоматски прскалки
Скопје се чисти од новиот снег
Да се внимава на внатрешните инсталации
Скопјани се собраа во Мичурин за Василица
Без парно, на помош ќебиња и греалки

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Модни трендови за тинејџери во 2017 според Вог
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Зелен сос
Приготвување: пиперките исечете ги по должина, извадете им ги семките и ис...
Site Meter