Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

22.02.2017, 09:56

СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ НА ФЕСТИВАЛОТ "БАНЕФФ"

Шведска награда за "Ослободување на Скопје"

Филмот "Ослободување на Скопје" во режија на Раде и Данило Шербеџија доби специјална награда од жирито на фестивалот "БаНеФФ" (Балкан њу филм фестивал) во Стокхолм, Шведска.

На фестивалот, кој се одржа минатата недела, беа прикажани најновите филмови од Балканот, но и филмови што третираат теми поврзани со земјите од Балканот.
"'Ослободување' е фантастичен и многу важен филм, особено во наше време. Моќен потсетник дека војната завршува само со жртви. Настапот на сите актери е фантастични, а особено се истакнува Луција Шербеџија со своите интензитет, присуство и портретирање на женското искуство и жртва за време на војна", стои, меѓу другото, во објаснувањето на жирито.
Главните улоги во филмот ги играат: Давид Тодосовски, Силвија Стојановска, Раде Шербеџија, Луција Шербеџија и Небојша Глоговац.
Програмата на "БаНеФФ" е поделена на неколку дела, а главниот фокус е селекцијата на играни филмови, во која се доделуваат четири награди - за најдобар филм, најдобро женско достигнување, награда на публиката и специјална награда на фестивалското жири.


Текстот е прочитан 1021 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter