Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

20.03.2017, 12:56

СО ОДЛУКА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

Стопирана изградбата на улицата на кејот

Решението за стопирање на градежните работи е донесено бидејќи на градилиштето нема никаква информација кој е инвеститор и изведувач

Општина Центар ја стопираше изградбата на улицата на кејот "13 Ноември". Откако во саботата дел од кејот беше заграден поради почеток на градежни работи, по налог на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, изградбата е стопирана. Како што соопштија вчера од неговиот кабинет, решението е издадено бидејќи на градилиштето нема никаква информација кој е инвеститор и изведувач.
"На градилиштето, како што пропишува законот, нема информативна табла кој е инвеститор, изведувач и надзор, нема податоци за одобрена техничка документација и одобрение за подготвителни работи. Целата оваа документација е неопходно да се поседува и да биде јавно истакната на градилиштето. На ова градилиште недостига и елаборат за околчување на теренот од овластена геодетска фирма, лиценци за инженер за изведба, надзорен инженер и елаборат за заштита при работа. Затоа, овластениот градежен инспектор на Општина Центар ја издаде наредбата за стопирање на градежните активности на кејот на Вардар", велат од Општина Центар.



За изградбата на улицата на кејот, реагираа и од кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски, од каде што велат дека Град Скопје не е институцијата што ја има вцртано оваа улица и Град Скопје не е тој што ќе ја гради.
"Градот Скопје, врз основа на валиден документ, детален урбанистички план, кој е донесен од Општина Центар, е законски обврзан да издаде градежна дозвола за тоа. Доколку не го стори тоа, Град Скопје може да биде тужен од инвеститорот и да сноси финансиски последици. СДСМ и неговите коалициски партнери ја имаат власта во Општина Центар, преку контрола на Советот на Општина Центар и градоначалникот Жерновски. Доколку сакале, изминативе четири години можеле да го променат соодветниот детален урбанистички план", велат од Град Скопје.
Во саботата, откако дел од кејот беше заграден со тараби, кафеанџиите најавија дека ќе излезат на протести и ќе побараат улицата да не се гради.

(А.А.)
ФОТО: Б. Грданоски


Текстот е прочитан 479 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter