Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

28.03.2017, 11:05

ВМРО-ДПМНЕ: Секојдневно се докажува дека тиранската платформа е дело на Еди Рама

ВМРО-ДПМНЕ смета дека по секојдневно се нижат искази и докази дека тиранската платформа е дело на Еди Рама и дека, како што велат од партијата, таа има за цел да ја втурне Македонија во уште подлабока криза и да ја редефинира согласно визиите на соросовите играчи на Балканот.

- Аболицираниот криминалец Зоран Заев е само уценет човек, кој исплашен од затвор за сите криминали што ги сторил, е подготвен да прифати буквално се и да ги реализира сите барања кои одат спротивно на највисоките државни и национални интереси, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму истакнуваат дека мнозинството граѓани на 11 декември одбрале кој има најдобра понуда, најквалитетна програма и најсоодветни персонални капацитети за да ја врати Република Македонија на вистинскиот пат и оти тоа била програмата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

- Мнозинството граѓани не гласаа ниту за тиранска платформа, ниту за двојазичност, ниту за дебати за химна грб или знаме. Граѓаните не гласаа ниту за нови пари, ниту за нови униформи. Тиранската платформа беше отпосле подметната како кукавичко јајце за да се изигра волјата на мнозинството, се додава во соопштението.

Од партијата истакнуваат дека ВМРО-ДПМНЕ уште во текот на преговорите кажала што мисли за платформата од тирана и не преговарала врз основа на неа.

- СДСМ, како што кажа Мухамед Зекири во целост ја прифатиле платформата. ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли уцените и ја отфрли тиранската платформа. ВМРО-ДПМНЕ во процесот на преговори и јавно соопшти дека нема намера да формира влада по секоја цена, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека граѓаните се чувствуваат изиграни и загрозени, бидејќи СДСМ под превезот „За живот“ им донел двојазичност и федерализација и оти поради тоа народот е на нозе.


Текстот е прочитан 531 пати.
#
Министерот Нухиу најави оставка, бара одговорност и од други функционери во МВР
ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
Груевски: Насилството не е решение, насилниците ќе бидат изведени пред суд
За заедничка Македонија: Не оправдуваме никакво насилство, денеска им се случи народ на тие кои се обидоа да направат државен удар
Министорот Тодоров со екипите на брзата помош им помагаше на повредените
Стотина повредени на двете страни, приведени нема
Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Влатко Ѓорчев ги бранеа нападнатите колеги од СДСМ
Нухиу: Навреме беше формиран оперативен штаб, но полицијата не си ја заврши работата
Иванов со апел за смирување на тензиите и лидерска средба кај него
МВР за евакуирањето на пратениците од Собранието

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter