Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

22.12.2016, 14:30

ВЕЧЕРВА ИЗЛОЖБА НА ЦРТЕЖ ВО ЧИФТЕ АМАМ

"Остен" и Британски совет" со публикација

Мати Грунберг од Израел, Гидре Ришкуте од Литванија, Ген Моримото од Јапонија и Јошкин Шиљан од Србија.

Вечерва во НГ Чифте амам ќе биде отворена изложбата на Биеналето на цртеж на "Остен" за 2016 година, на која ќе бидат изложени околу 250 дела од 66 уметници од светот, а ќе бидат врачени и наградите на
Овие автори беа и на вчерашната прес-конференција каде што беше промовирана и публикацијата "Британски уметници во колекцијата на 'Остен'", со што се одбележува соработката помеѓу македонската галерија и Британскиот совет, како и 20 години присуство на Британскиот совет во земјава. Публикацијата е издадена и во соработка со делегацијата на Европската Унија во Скопје.



Проектите ги претставија Корнелија Конеска, извршна директорка на "Остен", и Жарко Конески, координатор во Британскиот совет.
Публикацијата беше претставена преку видеоводич од кураторката Џил Хедли, која кога присуствувала во Скопје го снимила водичот, во кој се осврнува на вредната збирка која "Остен" ја има од британски уметници. А овде се 134 уметници, со 244 дела.
Издаден е обемен каталог од изложбата Биенале на цртеж 2014 година, а промоцијата беше збогатена со мини-изложба, вклучувајќи ги Мур, Хрст, Хамилтон, Хаџи-Василева (кои се дел од публикацијата), и Лангтон и Бенскин-Мешер (кои се дел од Биеналето на цртеж Скопје 2016). (М.За.)


Текстот е прочитан 661 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
ФОТО - „За заедничка Македонија“ до ВМРО-ДПМНЕ: Не смеете да дозволите избор на претседател на Собрание кој нема да ја отфрли Тиранската платформа
Денес сме 29-ти ден откако излеговме на улица. Да им повториме на пратениц...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter