Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

27.10.2016, 14:25

"Опел" со "мока икс" ќе привлекува млади купувачи

Креативците на "Опел" од Риселхајм својот мини СУВ, "мока" го освежија и спакуваа на допадлив начин: малку ЛЕД-светла, модерна мултимедија, нов кокпит, нови системи и ознаката "Икс" која отсега ќе се наоѓа на сите СУВ автомобили кои ги произведува германскиот бренд.

Малиот кросовер заслужи внимание во својот развој од проста причина што моделот за четири години на пазарот беше продаден во повеќе од 600.000 примероци заземајќи го третото место во компанијата веднаш зад "корса" и "астра".
Сериозната маска, светлата, дотераната "опашка", новите бои и форма, сега играат важна улога во привлекување на млади купувачи.
Приказната е различна и во кабината, а се се врти околу големиот екран осетлив на допир. "Мока Икс" заслужува висока оценка за позицијата на возачот и управувачот, а од 4,28 метри долгиот модел не е возможно да се очекува поголем простор на задната клупа. Во "мока икс" меѓутоа го има доволно.
Дизел агрегатот од 1.600 кубици со 136 КС е доволен да го покрене автомобилот кој тежи помалку од 1,5 тон. При стартот звучи грубо, но кога ќе се најде во крстовувачки режим секоја вибрација и дизел тонови исчезнуваат. Моторот е еластичен, способен во највисок степен на пренос да "влече" на ниски вртежи.


Текстот е прочитан 3085 пати.
#
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Тојота подготви спортско издание на Јарис
КИА влегува во светот на спортските лимузини
"Ц-Елизе" доаѓа освежен и поелегантен
"БМВ" ќе ги електрифицира сите модели до 2020 година
„Мерцедес-АМГ“ најбрзо возило со заден погон на Нирбургринг
"Мајбах С650 кабриолет" е најскапиот сериски модел на "Мерцедес"
"Ферари 250 ГТО" се продава за 52 милиони евра!

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter