Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

15.02.2017, 12:44

Кралевски: Големо искуство за овие млади фудбалери

Генерацијата 2005 година со освоено петто место се врати од Сандански, Бугарија каде што учевствуваше на „Балканика Куп“. Станува збор за турнир во кој што се натпреваруваат помладите генерации на екипи од Бугарија и од Србија каде што зема учество и Вардар.

Тренерот на таа генерација Игор Кралевски ги сумира впечатоците од одиграните четири натпревари, во кои што билансот е еден пораз и три победи.

    „Остваривме биланс од три победи и еднаш изгубивме. Драго ми е што моите млади фудбалери покажаа квалитет и победнички менталитет, а криво ми е што само за еден гол не успеавме да обезбедиме учество во полуфиналето. Сепак, овој турнир „Балканика Куп“ им донесе многу искуство на децата во понатамошните кариери. Тие ја почувствуваа тежината на еден младински меѓународен турнир во кој што остварија добар резултат и висок пласман. Игравме со добри екипи и одлично се носевме со сите“, изјави Кралевски.

Тренерот на помладата Вардарова селекција смета дека ваквите турнири се добродојдени за млади играчи и дека ќе се работи за од година во година да се подигне квалитетот на оваа генерација.



    „Генерацијата има многу талентирани фудбалери кои што во иднина сметам дека можат да направат добри кариери. Ние во Вардар работиме и ќе работиме да се подигнува квалитетот на секоја помлада селекција. За таа цел покрај настапите против домашни екипи, убаво би било да се учествува на вакви меѓународни турнири“, смета Кралевски

Оваа селекција на играчи родени 2005 година нема ниту еден пораз ниту нерешено, туку само победи во детската лига и во регионалната „Вардар Јуниор Лига“.

    „Тоа што имаме само победи покажува колку е добра оваа генерација. Сакаме да продолжиме во ист стил и во пролетниот дел. Меѓутоа целта секако е на сите овие помлади генерации е да ги научат вештините на фудбалот, бидејќи, сепак, станува збор за деца кои имаат 11 и 12 години. Затоа е важно да се работи и само да се надградуваат во иднина. Во Вардар ги имаме сите услови за такво нешто, и јас се надевам и посакувам големиот дел од овие дечиња да станат еден ден стандарни првотимци и да бидат големи фудбалери“, рече Кралевски.


Текстот е прочитан 686 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Граѓаните бараат избори за излез од кризата - 57-ми ден протести на „За заедничка Македонија“ (Фотогалерија)
Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА денеска по 57-ми пат од пр...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter