Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

08.03.2017, 23:27

ПО ПРЕМИЕРАТА НА "ВЕНЕЦИЈАНСКИОТ ТРГОВЕЦ" ВО ДРАМСКИ

Забавна трговија со пари и со љубов

Скопскиот Драмски театар, со премиерата на "Венецијанскиот трговец" од Шекспир, во режија на Наташа Поплавска, доби претстава за новите генерации гледачи.

Тоа се виде од одличната распределба на улогите и од тоа како младите актери се справија со предизвикот на темната комедија на Шекспир за страсното и слепо пријателство и за уште пострасната омраза, но и од составот и реакциите на публиката. Драмски вриеше од младост и радост, со очигледна слична фреквенција на екипата и на гостите.
Најголем аплауз доби Стефан Вујисиќ, кој ја игра убавата богаташка ќерка Порција, во претставата за жедта за привилегии, пари, богатство, за страста за одмазда и одбрана на честа, за правдата и за љубовта. Нејзиниот љубен е Басанио, за чија улога симпатиите ги собра Дамјан Цветановски, како и Марко Илиќ во улогата на слугинката Нериса.
Свежата сила во класично поставената претстава ја донесоа и Јаков Спасов, Јана Стојановска, Златко Митревски, Григор Јовановски и Сергеј Димоски.
Во "Венцијанскиот трговец" главни спротивставени пункта, кои важат за едни од најдобро извајаните ликови во класичната драматургија се Антонио, трговецот кој го игра гостинот од Прилепскиот театар Зоран Ивановски, и Евреинот Шајлок, овде чисто, прецизно и силно донесен од Јовица Михајловски.
Во дејството сместено во трговската ера на Венеција во16 век, чии купопродажни односи, лихварски позајмици, камати, банкарски обврзници, судови и пресуди важат и денес, играат и Диме Илиев и Анастас Тановски.
Овој Шекспиров текст е познат по репликите за правичност, за толеранција за одбрана на сите националности што ги кажува јавно навредуван Шајлок, како и по монологот на Порција за милосрдието, на крајот од претставата. Оваа пиеса е трагикомедија зашто и покрај скршените два водечки лика, завршува со хепи енд на три вљубени млади двојки.
Оваа претстава не излегува надвор од оригиналното сиже и нема претензии за преголема актуализација на вечната тема за парите и љубовта.
Во тимот на Поплавска се драматургот Дарко Спасов, костимографот на секогаш перфектните костими Александар Ношпал, дизајнерот Емил Петро, гостинката од Србија за сценски движења Маја Митиќ, кореографката Ирена Лозинска и задолжените за музика Лука Ѓоргиевски и Андреј Блажевски.


Текстот е прочитан 1344 пати.
#
Викенд со Кјубрик, шпански и француски филмови
Танцот ми дозволува да останам своја
Ретро-комбе го рекламира "Малиот гангстер"
РОМАН НА ГОДИНАТА: Врачена наградата на писателот Давор Стојановски
Бајка со магионичарски ефекти
Создавај уметност и продавај ја
Со Пикасо во ЕУ
Скопје во 3Д филм со "Танц фест"
Милчо Манчевски со Медлин Олбрајт и со директорите на УНЕСКО, „Кенеди“ и „Гугенхајм“ на културен самит во Абу Даби
Скопје танцува во 3Д (Фото)

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter