Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

08.03.2017, 13:45

ЗАТВОРЕНА ЗА СООБРАЌАЈ УЛИЦАТА КОЈА ГИ ПОВРЗУВА ЈУЖЕН БУЛЕВАР И СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Тротоарот градилиште, пешаците на улица кај ТЦ "Рамстор"

Од неделата, улицата која минува покрај ТЦ "Рамстор" и ги поврзува Јужен булевар и улицата "Св. Кирил и Методиј" е заградена со лимени тараби и споена со градилиштето на турската компанија "Лимак", која треба да ја изгради подземната сообраќајница.

Тарабите се поставени на коловозот, па заграден е и целиот тротоар. За пешаците не е оставен ниту сантиметар. Од Град Скопје велат дека тие треба да минуваат од другата страна на булеварот.
"На посочениот потег е воспоставен привремен сообраќаен режим поради дислокација на вреловод од компанијата 'Лимак'. И одобрението за времениот режим важи 45 дена, од денот на воведувањето на инвеститорот во работите. Пешаците во овој период ќе се користат со тротоарот од другата страна на коловозот", велат од Град Скопје.
За да преминат од другата страна на коловозот, пешаците треба да се вратат назад до пешачкиот премин кај Музеј на Град Скопје. Откако е затворена улицата покрај "Рамстор" , речиси по цел ден има долги колони возила, кои прават преминувањето на улицата да трае и по десетина минути.
Турската компанија "Лимак" пред четири години купи два плаца на трасата на Јужен булевар за 3,7 милиони евра. Најави дека ќе изградат 2 000 станови, трговски центар и уште многу други содржини, но пред да почне да гради, има обврска да го изгради Јужниот булевар под земја. Просторот кај Музеј на Град Скопје беше ограден минатата година, а од неделата градилиштето е проширено и на улицата покрај ТЦ "Рамстор".


Текстот е прочитан 2952 пати.
#
Изградбата на Конгресниот центар ќе стартува во септември
Побелеа коњите во фонтаната на "Филип Втори"
"Паркови" подготвува извештај за секоја палма поединечно
Асфалт наместо макадам на "Наум Наумовски-Борче"
Целосна нега за стари лица во нивните домови
Низ град се слуша ѕвон, почитувај вело бонтон
335 нови кревети за студентите во "Гоце Делчев"
Ќе запре изградбата на Офицерски дом
Екобилборд ќе ја јаде прашината во Скопје
Автопералницата остана како чир на "Трета македонска бригада"

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter