Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

16.03.2017, 21:25

„За заедничка Македонија“: Марш за унитарноста на Македонија

Во Скопје вечерва продолжи протестот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ со кој граѓаните изразија незадоволство за тиранската платформа и дадоа поддршка за унитарноста на државата.

- И вечерва повеќе од 150.000 граѓани на Македонија, во 31 град излегуваат да кажат дека се против тиранската платформа, против двојазична држава, против федерализација на Македонија и дека ова се нашите ултимативни барања. Од нив нема отстапка, рече Богдан Илиевски од иницијативата „За заедничка Македонија“.

На протестот се обрати и Нада Мисиркова, внуката на Крсте Петков Мисирков, која истакна дека делото на Мисирков за Македонија е незаборавно.
- Тој кажал дека оваа држава е Македонија, дека овде живее македонски народ и се зборува македонски јазик. Се надевам дека неговата борба не беше бесполезна. Загина заради оваа Македонија. Има многу луѓе кои него можат да го разберат, кои него можат да го почитуваат и кои можат да ја завршат работата која тој ја започнал уште пред 120 години. Верувам дека тој е многу жалосен што после 120 години, неговите мисли, неговите идеи не се исполнети. Се надевам дека неговото дело ќе биде на виделина и оти тој мирно и спокојно ќе спие, рече Мисиркова.

Поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“ денеска дадоа и ловџиите кои порачаа дека нема да прифатат туѓи платформи и повикаа на трпеливост во клучните моменти за државата.

Тие ги повикаа сите ловци без разлика на нивната етничка, верска, политичка определба да застанаат заедно во одбрана на државата, а побараа истото да го сторат и сите политички партии.

Фото: Б. Грданоски


Текстот е прочитан 508 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter