Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

21.02.2017, 09:58

ЛИГА НА ШАМПИОНИ - ОСМИНАФИНАЛЕ

Сити стравува од суперефикасноста на Монако

Да не се прими погодок на денешниот прв натпревар на "Етихад", треба да биде клучот на успехот на осминафиналниот двомеч од Лигата на шампионите против Монако, сметаат во Манчестер сити.

Тоа нема да биде така лесно, имајќи предвид дека францускиот прволигаш е најефикасната екипа во петте најсилни европски лиги, откако во првите 26 кола постигна дури 76 гола, што го искачи и на првото место на табелата, со три бода повеќе од ПСЖ.
- Знаеме дека Монако е одличен тим, кој игра многу добро во првенството. Но секој меч во Лигата на шампионите е тежок. Затоа е важно да ги користиме шансите и да не дозволиме да примиме гол - вели Бразилецот од средниот ред на Сити, Фернандо.
Најголемата опасност за голот на Сити ќе доаѓа од Радамел Фалкао (вкупно 19 гола оваа сезона), кој по слабите епизоди во Премиер лигата, повторно ја пронајде старата форма. Тој постигна само четири гола за Јунајтед во сезоната 2014-2015, а потоа не се прослави ни во Челзи.



- Научив многу за себе додека бев во Англија. Тоа беше тешко искуство за мене, но ми помогна да се развијам како личност - вели 31-годишниот Колумбиец.
Во Леверкузен, Баер го пречекува вицепрвакот Атлетико Мадрид и ќе се вади на својата европска форма. Иако во првенството падна на осмото место на табелата, во Лигата на шампионите нема пораз на последните десет средби на домашен терен.
- Зошто не би победиле повторно? Ако го покажеме нашето лице од Лигата на шампионите, тогаш сè е можно. Сите во тимот го посакуваат ова - вели голманот на Баер, Бернд Лено.
Атлетико ќе биде без повредениот Диего Годин, но затоа се враќа првиот голман Јан Облак, кој го оперираше рамото во декември.


Текстот е прочитан 523 пати.
#
Федерер стана најстар освојувач на Мастерс титула
Спарс повторно победува, триото на Кливленд даде 101 поен
Шакира и Пике нема да дојдат на свадбата на Меси
Мика Хакинен се врати во формула 1
Во еден ден два пати срушен светскиот рекорд
Шарапова се "убивала" од пиење
Стриптизета е газдарица на Несторовски и на Трајковски
Мејведер и Мекгрегор ќе инкасираат по 100 милиони долари
Јусеин Болт лудуваше на карневал на Карибите
Ние сме најнапаѓачката екипа на светот

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter