Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

23.02.2017, 15:45

ВМРО-ДПМНЕ: Изборните криминали на Заев се за да се дограби до власт и редефинирање на државата

Целта на сите лаги, манипулации и изборни криминали на Зоран Заев е да се дограби до власт и да ја редефинира Македонија, изјави денеска на прес-конференција Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ, потенцира Илиоски, најодлучно ќе застане во одбрана на државните и национални интереси. - Обезбедувањето да се почитува волјата на мнозинството македонски граѓани за нас е обврска и нема ние од тоа да отстапиме, рече Илиоски.

Според него, „СДСМ е дувло и синоним за криминалот, а аболицираниот криминалец Зоран Заев и злосторничкото здружение во раководството на неговата партија го претворија СДСМ во промотор и заштитник на се што е незаконско и криминално“.

- Сега се гледа зошто СДСМ ги практикувало криминалните шеми и во изборни циклуси, зошто во Куманово и во Струмица, СДСМ на криминален начин купуваше гласови и ги фалсификуваше изборите. Слични ситуации полицијата регистрираше и во источна Македонија.
Сега се гледа дека не постојат фантомски гласачи во Македонија и зошто аболицираниот Зоран Заев ја пласираше и оваа манипулација.
Целта на сите лаги, манипулации и изборни криминали на Зоран Заев е да се дограби до власт и да ја редефинира Македонија, истакна Илиоски.

Тоа, како што потенцира, не смее и нема да се дозволи, а органите на прогонот не смее да подлегнуваат на притисоците на Заев, кој мора да одговара за криминалот што го направил.

- Местото на криминалците не им е во политиката, туку во казнено-поправниот дом Идризово. Затоа речиси половина милион Македонци го осудија на пораз СДСМ и неговите криминални и деструктивни сценарија. СДСМ ја нема поддршката од народот и покрај валканите и криминални обиди да купува гласови, рече Илиоски.


Текстот е прочитан 746 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter