Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

16.03.2017, 13:40

ДАВОР СТОЈАНОВСКИ Е ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА "РОМАН НА ГОДИНАТА" НА "УТРИНСКИ ВЕСНИК"

Победи антихеројот Јаков од зачмаеното Скопје

Триесетгодишниот писател Давор Стојановски е 18-тиот добитник на престижната книжевна награда "Роман на годината" на "Утрински весник" за делото "Собирачи на пепел" од издавачот "Или-или".

"Стојановски одлично владее со приказната, тој е ненаметлив и непретенциозен во пишувањето, а структурата на неговиот текст е цврста, што придонесува романот да биде и содржински и композициски убедлив", истакна минатогодишниот лауреат Петар Андоновски на вчерашниот прес.
Катерина Богоева го претстави Стојановски како писател, поет, преведувач и музичар, кој две години живее на југот во Австрија. Магистрирал на Филолошкиот факултет "Блаже Конески", а делата му се застапени во домашни и во странски антологии. Неговиот деби-роман "Ненасловена месечева соната" бил во потесниот круг за наградата "Роман на годината" за 2013 година.
Стојановски рече дека главен лик во романот е Јаков, а рамката на дејството е дека тој првпат во животот треба да присуствува на погреб.
Ненад Стевовиќ од "Или -или" истакна оти се посебно горди што по трет пат ја добиваат високата награда, по "11 жени" на Снежана Младеновска - Анѓелков и "Телото во кое треба да се живее" на Петар Андоновски.
Годинава во потесниот круг за наградата влегоа и романите на Ана Стојаноска "Јас и Лин, отпосле" од "Блесок" и "Првиот универзитетски ден на мојата ќерка" од Игор Станојоски, издадена од "Или-или".
Комисијата беше во состав: Петар Андоновски (претседател), Гордана Михаилова - Бошнакоска, Маја Бојаџиевска, Нове Цветаноски и Катерина Богоева, а беа пристигнати вкупно 27 дела.
(Б. Н.)


Текстот е прочитан 723 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter