Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

21.07.2015, 13:43

УБАВИ ПРОСТОРИ

Етнобисерот на Пуже од Мечкуевци

Кукли облечени во стари носии, разбој за ткаење на килими, стари бочви за вино, колски тркала, пегли на жар, черги, стомни, грниња, каци и други предмети кои пред само еден век биле дел од ентериерот на секоја традиционална македонска куќа, ве дочекуваат во ресторанот "Мечкуевска куќа" кој се наоѓа во Свети Николе.

Етнобисерот кој е познат и како куќата на Пуже од Мечкуевци и однадвор изгледа како стара македонска куќа. Има приземје изѕидано во камен над кое има кат малтерисан во бела боја и покрив од ќерамиди разигран со баџи. Еркерите, ритамот на прозорците, бунарот и поплочаниот двор се исти како во старите куќи во овој крај.



Ентериерот кој има капацитет од околу 250 гости е уреден како маалски сокак. Има аутдор сценографија која се состои од приземје поплочано со камен, ѕидови од стари тули, стилизирани чардаци од дрво, шанк од камен и отворени огништа. Над шанкот се наоѓа ѕид насликан со традиционални куќи од овчеполското село Мечкуевци, од каде потекнува сопственикот на ресторанот.



Ресторанот е пријатно катче каде имате желба да дојдете секогаш кога ви е потребен одмор од забрзаниот ритам на секојдневието. Кога ќе влезете во него за момент заборавате на надворешниот свет. Овде никој никаде не брза, животот тече полека како порано, а атмосферата е толку релаксирачка што имате чувство дека времето застанало пред еден век.
(Н.Н.)


Текстот е прочитан 14177 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter