Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

08.01.2017, 12:33

Десет личности кои ќе ја одбележат Европа во 2017 година

Меѓу 10-те луѓе кои најмногу ќе влијаат на Европската унија во 2017 година, во која ЕУ се соочува со предизвици на сите фронтови, се новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, претседателот на Русија, Владимир Путин, но и "човекот во црно кој ја мрази Европа, а живее во неа"

Во новата година ЕУ влегува со надворешни, но и внатрешни притисоци на удар на анти-ЕУ националистите ширум континентот.
Политиката на Трамп, кога ќе биде инаугуриран на 20 јануари, без оглед на тоа дали ќе ги одржи предизборните ветувања, ќе има големи ефекти на Европа.
Буџетската политика на САД би можела да придонесе за развој на бизнисите во ЕУ, каде успорената економија влијае на политичката нестабилност.
Сепак, трговскиот протекционизам на Трамп може да делува спротивно.
Меѓу 10-те лица кои најмногу ќе влијаат на Европската унија во 2017 година, кои не се подредени според никаков критериум, е и "човекот во црно".
Човекот ја мрази Европа во која живее. Исламската држава, по притисок во Сирија и Ирак, го покрена неговиот гнев и го поттикна на акција. Тој може да стои зад се што е непознато, непредвидливо и без преседан, што може во најмала рака да предизвика вознемиреност на јавното мислење, но и да ги наруши плановите на Европа и приоритетите во оваа година.
Во меѓувреме, Путин игра "тактичка игра тешка за читање" за да го поврати влијанието на Москва на глобален план. Тој може да предизвика неволји или да воспостави пријатели со западните соседи, за да може да го контролира нивниот гас или да ги поддржи нивните противници. Откако го анектира Крим, малку кој во ЕУ може да го предвиди неговиот следен чекор.



Лидерите на ЕУ до 31 јули мора да одлучат за санкциите воведени на Русија поради Украина. Ако Трамп ги намали американските санкции, ЕУ ќе се мачи да спречи една или повеќе земји членки да го блокираат продолжувањето на санкциите.
Свое влијание ќе имаат и африканските мигранти, како и лидерот на владејачката полска партија Право и правда,а Јарослав Качињски, кој постојано му пркоси на Западот, но и Герт Вилдерс, лидер на холандската Партија на слободата, која според истражувањата на јавното мислење ќе биде најсилна во Парламентот по претстојните избори.
На ЕУ ќе влијае и премиерката на Велика Британија Тереза Меј, чија земја на референдум се изјасни за излез од ЕУ, како и лидерката на екстремно десничарската француска партија Национален фронт Марин ле Пен, доколу стане претседателка на Франција на изборите на 7 мај.
Претседателот на Италија Серџо Матарело ќе биде значаен бидејќи мора да ги наведе партиите да управуваат со третата по големина економија во еврозоната, додека италијанските партнери внимателно следат што ќе се случи со оваа презадолжена земја.
Меѓу влијателните ќе биде и германската канцеларка Ангела Меркел, чија политика кон мигрантите предизвика многу критики, како и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, но и европската комесарка за конкуренција Маргарет Вестагер и претседателот на Европската централна банка Марио Драги.


Текстот е прочитан 624 пати.
#
Американски проститутки го канат Путин на секс со врзување
Село со 14 милијарди долари годишен приход
Учителка завела 13-годишен ученик и забременила од него
Осуммина поседуваат половина од светското богатство
Блогерка стана милионерка на Јутјуб
Мајка, татко и син родени на ист датум
Како Фејсбук ги изеде весниците
Иванка платила 5.5 милиони долари за куќа во соседството на Обама
Додека ловел крадци, верверичка му ги јадела чоколадите
„Ескорт“ девојки и момчиња нов хит на Инстаграм (фото)

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Фотографиите од сексапилната албанска поп пејачка Ени Кочи уриваат рекорди на Интернет
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Варени јаболка со пудинг
Приготвување: јаболката измијте ги, излупете ги и ставете ги во половина л...
Site Meter