Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

10.01.2017, 15:31

Општина Центар: Боемска улица чини колку завесата во барокниот театар

„Креаторите на најкриминалниот проект „Скопје 2014? продолжуваат со негативната и приземна кампања кон општина Центар. ВМРО-ДПМНЕ повторно ја лаже јавноста во обид да го покрие изборното фијаско во општина Центар и задоволството на граѓаните од работата на градоначалникот Жерновски. Сепак, благодарение на овие јалови пресови, општината има можност да ги потсети граѓаните за градинките и училиштата кои ВМРО-ДПМНЕ вели дека можеле да се изградат за сметка на Боемска Улица. Во Центар, за само три години, е инвестирано повеќе во образованието и градинките отколку за тринаесет години владеење на ВМРО ДПМНЕ. Изградена е целосно нова градинка, по 42 години, се и од темел реновирани две градинки. Се гради ново основно училиште во Капиштец, по цели 47 години, а реконструкција е направена на речиси сите основни училишта во Општина Центар. Ова е вистината за тоа како се трошат парите на граѓаните и кои се приоритетите на градоначалникот Жерновски. Нека одговори ВМРО-ДПМНЕ колку нивните градоначалници инвестираа во образованието и градинките. Боемската улица, која е изградена од врвни материјали и на која целосно се реконстриуриани инсталациите и водоводните мрежи, чини колку една опашка од лавовите на мостот Гоце Делчев. Таа чини помалку од завесата во барокниот театар“, одговори Општина Центар на пресот на ВМРО-ДПМНЕ на кој од партијата тврдат дека новата Боемска улица на Општина Центар чини 710.000 евра.

 


Текстот е прочитан 457 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter