Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

15.02.2017, 14:47

Пломп: Да не се губи време и да се формира влада

Холандскиот амбасадор во Македонија Ваутер Пломп го повтори ставот на еврокемсарот Јоханес Хан дека нема време за губење во однос на формирањето нова влада во земјата и потенцира дека тоа сега е во рацете на сите политички партии и оти зависи од нив. Новата влада, според него, треба да биде реформска и да се фокусира на одговорноста и отчетноста.

- Во однос на последните случувања и преговорите за формирање нова Влада, можам само да го повторам ставот на еврокомесарот Јоханес Хан, а тоа дека е нема време за губење. Во исто време можам да кажам дека тоа зависи само од партиите и оти е во рацете на политичарите, рече холандскиот амбасадор кој присуствуваше на презентацијата на Истражувањето насловено „Неосновано притворени-правни и буџетски импликации“ во ЕУ Инфо центарот во Скопје.

Холандија, додаде тој, се надевам дека Македонија ќе има влада којашто целосно ќе биде фокусирана на реформите.

- И не само реформи, секако, една од битните работи на која што новата влада ќе треба да се фокусира е одговорноста и отчетноста. Кога зборуваме за отчетност тоа значи поддршка на работата на Специјалното јавно обвинителство, како и поддршка од сите актери, како судовите, за да може СЈО да ја заврши својата работа независно, рече Пломп.

Холандија, потсети тој е долгорочен поддржувач на Владата на Република Македонија во процесот на сите реформи потребни за зачленување на земјата во ЕУ.


Текстот е прочитан 845 пати.
#
Проф. д-р Гордана Силјановска: Тиранската платформа е неуставна и води кон федерализација на државата
Младите генерации излегоа „За заедничка Македонија“ (Фото)
ИЛИЕВСКИ: Загрижени родители храбро излегоа за иднината на Македонија
Претседателе, „За заедничка Македонија“ е со Вас
Во живо - „За заедничка Македонија“ 25-ти ден за унитарна Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СЈО ги бие битките на Заев
Постигнат договор за Комисијата за прашања на изборите и именувањата
Анкета на ИПИС: Изборите не ја решиле кризата, потребни се нови
Нови истраги на СЈО, медиумите ги спуштија камерите
Нов повик од Вашингтон да се испита работата на амбасадата во Скопје

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter