Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

23.02.2017, 10:11

ПРВ ЗАЕДНИЧКИ КОНЦЕРТ НА ХРВАТСКИТЕ МЕГАЅВЕЗДИ ОЛИВЕР ДРАГОЕВИЌ И ЏИБОНИ ВО СКОПЈЕ

Ние сме фамилија

Се дружиме долги години, семејствата ни се знаат и навистина сме како семејство. На крајот излезе овој албум "Фамилија", сосема непланиран, но од срце, вели Драгојевиќ

Хрватските ѕвезди Оливер Драгоевиќ и Џибони за прв пат ќе одржат заеднички концерт во Скопје, на 4 март, во ВИП-арената, во организација на агенцијата "Гуливер". Концертот е промоција на нивниот прв заеднички концерт, "Фамилија". "Фамилија" е проект инспириран од нивни животни приказни и случки. Во интервју за "Вест", Оливер и Џибони зборуваат за својот заеднички музички пат и за тоа како од музичка соработка и приватно станале фамилија. 
* Од каде идејата за заедничкиот албум "Фамилија", дали вие двајца по долгогодишно дружење се чувствувате како семејство?
Џибони: Идејата дојде сосема спонтано, од нашите заеднички дружења, зимувања. Тоа беше еден студен јануари, во Далмација. Ние двајца сакавме да се скриеме од дождот и од ветерот југо во потпокривот на Оливер. Тој има клавијатура и уште неколку инструменти. И така дојдовме на идеја дека можеме да направиме нешто заедно. Иако на почетокот таа идеја не беше сосема јасна дали ќе бидат два дуета или ќе биде некаков мини албум со нови песни или со некои стари. И воопшто не бевме оптоварени, туку работевме албум и на крајот направивме нешто за себе и за душа. Тоа е овој албум што го имате сега пред себе. И тоа е она како што ние најдобро се чувствувавме.
Оливер: Најпрво тргна од разговор. Јас имам два песни, ти имаш три, ајде да направиме уште некоја. Се дружиме долги години, семејствата ни се знаат и навистина сме како семејство. На крајот излезе овој албум, сосема непланиран, но од срце.
* Што е она што најмногу ве спојува?
Џибони: Меѓу мене и Оливер постои нешто. Не сме иста генерација, но кога ќе почнеме да свириме, тогаш сме врсници. Тоа е тој некој ентузијазам што те врзува за музиката, за песната. И музиката има некој свој календар, кој нема врска со календарот и со начинот на кој ние го мериме времето во секојдневниот живот. Така што Оливер има повеќе ентузијазам кога свири и кога пее од некој што има 25 години. Тоа е како некоја музичка фамилија, така би го нарекол.



* Колку време работевте на песните, како настанаа?
Џибони: Како што реков, музиката си има свој календар. Никогаш не смееш да брзаш по секоја цена. Песната, дури и кога немаш што да $ одземеш, ниту да $ додадеш, дури тогаш е завршена. Јас никогаш никаде не брзам. Некои песни се завршуваат за неколку месеци,а некои за неколку дена. Треба да $ дадеш на песната да одлучи кога е задоволна самата со себе. Песната мора да е во право, а не јас кој ја пишувам.
Оливер: Сосема спонтано работевме на секоја песна, дел по дел. Целиот процес се заврши за неколку месеци, а работевме кога секој од нас имаше инспирација. Кога сме заедно, ја имаме повеќе.
* Изјавивте дека за време на снимањето сте се изолирале во куќа на Корчула. Дали имаше влијание тоа на звукот?
Оливер: Не беше тоа некоја изолација, туку отидовме на место каде што двајцата се чувствуваме убаво и знаеме која емоција на песните може да им ја донесе токму Корчула. Производот кажува сè.
Џибони: Повеќе имаше влијание на содржината отколку на звукот. Поради тоа, песните излегоа поемотивни и полежерни отколку да седевме на некој облакодер во Токио на стотиот кат. Песните сигурно би биле поинакви ако ги работевме во град од триесет и пет милиони луѓе отколку вака, во изолација, во Далмација. И тој роден крај во кој се наоѓаш мора да влијае на содржината на песните. Звукот е нешто што се случува меѓу луѓето што учествуваат додека се свири: клавијатуристот, тапанарот, секој од нив носи дел од своите чувства и искуства. Но ова е меѓу мене и Оливер, како автор и како пејач. 
* Раскажете ни ја целата приказна на "Фамилија", од Корчула до Лос Анџелес.
Џибони: Со Оливер сакавме на албумот да учествуваат сите луѓе што ни се пријатели. Имавме среќа тие луѓе да се одлични музичари. Меѓу нив се и Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ.
Оливер: Усна хармоника свиреше музичарот Антонија Серано, двоен добитник на Греми, кој ми е долгогодишен пријател. Ни беше голема чест што големи музичари беа со нас на Корчула. Сите тие луѓе се дел од некои наши прекрасни соработки во минатото, а и сега. 
* Како ќе изгледа скопскиот концерт, колку време ќе бидете заедно на сцената?
Џибони: Оливер има речиси 50 години кариера, јас имам нешто повеќе од 25 самостојна. И се собраа голем број песни кои не можат да се заобиколат ниту во мојот ниту во неговиот случај. Тука се и песните што ги изведуваме заедно. Сите најдобри нови, сите најдобри стари, од тоа секогаш излегува концерт од три и пол или четири часа. Расположението на публиката влијае на нас. Ние сме оркестар, а публиката е диригент.
Оливер: Сè е работа на спонтаност и на расположение, а ние сме познати по тоа. Дојдете и ќе видите.
* Имате ли некоја приказна што сакате да ја споделите со нас, има ли албумот посвета?
Оливер: Се случи во ист период да почине мојот брат, а нè напушти и таткото на Џибони. Така што многу од песните се со посвета за двајцата. Таа тажна приказна нè поврза и покрај убавите.


Текстот е прочитан 1740 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter