Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

28.11.2016, 11:27

ГЛАМУР

Путин му го предаде рускиот пасош на Стивен Сегал

РУСИЈА - Рускиот претседател Владимир Путин му даде руски пасош на американскиот актер Стивен Сегал и рече дека се надева оти ова ќе послужи како симбол на подобрување на нарушените односи меѓу Москва и САД.

На свеченоста што се одржа во Кремљ, Сегал го потпиша новиот пасош пред Путин, а рускиот лидер рече: "Сакам да ти честитам и да изразам надеж дека ова е уште еден, иако мал, гест што би можел да да биде знак на постепеното нормализирање на односите меѓу нашите земји".
На прашањето на Путин како се чувствува, актерот одговори: "Сè е супер. Ќе разговараме подоцна. Сега-засега ми е чест што сум тука".
Путин, голем обожавател на боречките вештини што Сегал често ги применува во неговите холивудски акциони филмови, потпиша указ на почетокот на месецот да му се додели државјанство на Сегал.
Повеќе од една деценија Сегал (64) редовно ја посетува Русија. Неговите филмови, како "Под опсада" и "Снајпер: Специјалци" се популарни кај руската публика.
Сегал е најновата ѕвезда во низата западни славни личности кои добија руски пасоши во изминативе неколку години. Во 2013 година Путин му даде руско државјанство на францускиот актер Жерар Депардје.


Текстот е прочитан 1568 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter