Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

09.01.2017, 14:10

Магијата на зимската убавина: Снегулките не се бели

САД - (Нешенал џиографик) - Дали снегулките навистина се бели и кој е "виновен" што ги цртаме токму така?

Откријте некои не толку познати, но фасцинантни нешта за овој природен кристален феномен. Радост за децата, мака за возачите или незаобиколен празничен пејзаж кој тие кои не ја сакаат зимата ги принудува да патуваат во потопли краишта. Кога првиот снег ќе го покрие брегот некој не може да замисли новогодишни лампиони без него, а некој пак би сакал да ја преспие до пролетта. Како и да е, снегот е следствена појава на зимата како годишно време. И додека многу пати сме читале за снежната покривка и феноменот наречен снегулки, овие пет нешта може сепак не сте ги знаеле.

1. Има повеќе видови на мраз
Мразот настанува при самиот допир на воздухот со земјата, при ниски температури, па се создава површински слој на тенок мраз во форма на кристали или капки. Покрај мразот на прозорците кои на сите ни е познат како вечна инспирација за декорација на новогодишните честитки, постои уште и радиоактивен мраз, авекциски мраз и иње, пишува британскиот весник Телеграф.



2. Две идентични снегулки од 1988 година
Снегулките се феномен кој секогаш се појавуваат во различни форми и големини и никогаш нема да фатите две исти. Меѓутоа, научничката Ненси Најт успеала да најде два целосно идентични кристала по силна олуја во Висконсин во 1988 година.

3. Снегулките не се бели
Снегулките не се бели! Зошто е тоа така? Зошто единствена боја која ни е во мислите кога ќе се спомне снегулка е белата? Многуте страни на овој мини кристал предизвикуваат дифузен одраз на целиот светлосен спектар па на нас ни се чини дека снегулките имаат бела боја.

4. Првата фотографија
Благодарение на фармерот Вилсон Бентли ние денес ги цртаме снегулките токму во формата во која тие навистина се манифестираат. Тој успеал да го продолжи "животниот век" на таа снегулка, која благодарение на неговата брзина денес се уште "живее" и станува вистинска инспирација за зимскиот декор.

5. Еден септилион снегулки
Дали некогаш сте размислувале колку снегулки би биле потребни да паднат за да се направи Снешко Белчо? Во Америка годишно паѓаат еден септилион кристали од небото. Број со навистина многу, многу нули, дури 24!


Текстот е прочитан 729 пати.
#
Американски проститутки го канат Путин на секс со врзување
Село со 14 милијарди долари годишен приход
Учителка завела 13-годишен ученик и забременила од него
Осуммина поседуваат половина од светското богатство
Блогерка стана милионерка на Јутјуб
Мајка, татко и син родени на ист датум
Како Фејсбук ги изеде весниците
Иванка платила 5.5 милиони долари за куќа во соседството на Обама
Додека ловел крадци, верверичка му ги јадела чоколадите
„Ескорт“ девојки и момчиња нов хит на Инстаграм (фото)

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Фотографиите од сексапилната албанска поп пејачка Ени Кочи уриваат рекорди на Интернет
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Варени јаболка со пудинг
Приготвување: јаболката измијте ги, излупете ги и ставете ги во половина л...
Site Meter