Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

10.04.2017, 14:55

СДСМ бара да се прејде на избор на спикер, ВМРО-ДПМНЕ против

Собраниската конститутивна седница на која треба да се расправа за изборот на Комисијата за изборите и именувањата и за избор на претседател на Парламентот, и денеска на десеттото продолжение поминува со процедурални забелешки и реплики.

Според информациите што ги добил претседавачот на конститутивната седница Трајко Вељаноски, за процедурални забелешки досега се потрошени 1095 минути. Во фокусот денска беше барањето на пратениците од СДСМ да се гласа за преминување до третата на четвртата точка на дневен ред - избор на претседател на Собранието.

СДСМ, повикувајќи се на член 78, повторно побара од претседавачот на седницата Трајко Вељаноски да се премине на 4-тата точка од дневниот ред, односно на изборот за претседател на Собранието, додека според ВМРО-ДПМНЕ со тоа се крши деловничкото право и претресот треба да трае додека не се исцрпи листата со пријавени пратеници за збор.

Оливер Спасовски оцени дека расправата се одолговлекува и оти најмалку има плодна дебата од која ќе произлезат сериозни аргументи со кои ќе се расчистат дилемите во јавноста.

- Бараме врз основа на член 78 став 2 со поддршка од 10 пратеници да биде донесена одлука да преминеме на четвртата точка. Се додека не слушнам еден аргумент кој ќе го побие став 2 од членот 78 или да се прочита друга одредба што ќе укаже на тоа дека не сум во право ќе барам, а Вељаноски е должен да го стави на гласање тој предлог, рече Спасовски.

Неговата колешка Радмила Шекеринска посочи дека во членот 78 од Деловникот е е ставена опција со која се дава можност да се менува распоредот на точките на дневниот ред.

- Во член 78 стои дека во текот на седницата точките на дневен ред по редослед може да се променат. Тоа значи дека оние кои се пријавени за дискусија нема да го изгубат правото за дискусија и оние за реплика нема да го изгубат правото на реплика, рече Шекеринска.

Петре Шилегов потенцира дека тоа не значи дека по 3-тата точка нема да се дебатира и дека на некој пратеник му се ускратува зборот. - Кога ќе ја завршиме 4-тата точка ќе се вратиме на 3-тата, рече Шилегов.

Тој побара од Вељаноски предлогот поддржан од 10 пратеници да го стави на гласање ирече дека Вељаноски како претседавач со седницата нема право да го толкува Деловникот. Според него тој ја носи целата одговорност за блокадата на конститутивната седница.

Независниот пратеник Павле Богоевски посочи дека не бараат прекинување на дебатата, туку спојување на двете точки и обвини дека претседавачот Вељаноски спротивно на Деловникот спречил гласање по предлогот.

На ваквото барање, претседавачот Вељаноски рече дека има разлика за барањето во тек на седница и претрес по точка од дневен ред. - Нешто што е започнато не може да се прекине додека не заврши, рече Вељаноски.

- Моја должност е да го применам Деловникот и се што е во рамки на него да го ставам на дневен ред, а се што е надвор од него да го одбијам, рече Вељаноски и додаде дека ова е прашање што не смее да се толку различно бидејќи, како што рече, ќе има далекусежни последици во парламентарната демократија.

Тој праша како ќе се заврши со оваа седница кога цело време се во процедурални забелешки. Потрошени се 1095 минути за процедурални и не може да го силуваме Деловникот преку нив, рече Вељаноски кој истакна дека и за реплики се потрошени 523 минути.

Според Вељаноски, доколку не биле, овие процедурални забелешки, досега ќе биле поминати 7-8 дискустанти, и оти вака, како шпто рече, само се губи време.

Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи се на член 80 став 1, рече дека претресот трае додека не се исцрпи листата на пријавени за збор.

- Денеска расправаме по 3-тата точка и додека не се исцрпи листата на пријавени, не може да се премине на друга точка, истакна Мукоски.

Посочи дека член 78 став 2 се однесува по претресот, а во член 80 стои дека доколку една точка на дневен ред е усвоен со чл 78 и дококлу е почнат претресот не може да се прекинува до исцрпување на листата на пријавената.

- Цврсто сум убеден дека не е возможно да се избере претседател без избор на Комисијата. Ќе се судриме со Деловникот. Комисијата мора да расправа по точката да заземе став и потоа да одлучува Собранието. Сето друго е грубо кршење на демократијата, рече Мукоски.

Според Антонијо Милошоски се прави деловничко насилство, затоа што, како што рече, Заев има ограничен временски период да го испорача она што го ветил и оти сега Деловникот треба да ја плати цената.

- Не може Деловникот да биде жртва и слободата на говорот на пратениците избрани од народот да бидат помалку важни од изборите и изборната демократија од она што е договорено по изборите, посочи Милошоски.

Неговиот сопартиец Владимир Ѓорчев рече дека она што го предлагаат пратениците од СДСМ ниту еднаш се нема случено во Парламентот.

- Ова толкување што го има СДСМ нас ни одговорало 1000 пати изминатите 10 години. Да ги прекинеме дискусиите што тие ги имале, да ги поминеме законите побрзо, но тоа ниту еднаш не се случи затоа што добро знаат дека тоа не е така и дека не им држи објаснувањето. Затоа што ако еднаш се спроведе ова, тогаш не знам каде ќе завршиме, рече Ѓорчев, додавајќи дека имаат јасна ситуација во Деловникот.

Според Зоран Илиоски со прифаќање на таквиот предлог се ускратува правото на Комисијата да предложи кандидат за претседател на Собранието.

- Ако не губевме време со процедурално барем овие половина од овие пријавени и за 4-5 дена ќе завршевме. Не знам што губите време со процедурални. Деловникот е напишан за да има некој ред. Ако не се придржуваме тогаш ќе има безредие и ќе настане хаос, рече Илиоски.

Љупчо Димовски од СПМ потенцира дека многу тешко ќе се убедат едни со други и оти преку процедуралните упаѓања се враќа дискусијата на почеток.

Според него суштината е во тоа што некој на некого сака да му го одземе гласот, но оти треба да се решат дилемите од платформата а кои се однесуваат на јазикот, дебата за химната, знамето, грбот....

Даниела Рангелова исто така потенцираше дека пратениците од СДСМ сакат да завршат со оваа точка побрзо за да не расправа за сите елементи содржани во документот усвоен во Тирана.

Илија Димовски рече дека ќе мора да се дадат одговори за тиранската платформа. - За да нема дестабилизација на државата и долгорочни проблеми има решение да се објави се што е дговорено демократски и транспаренот и вториот и брз начин е да се распишат избори, рече Димовски.


Тој посочи дека конститутивната седнциа е многу значајна и затоа има посебна глава во Деловникот. - Си има редослед на тоа. Ако се прифати предлогот на Спасовски, кој е спротивно на член 80, тогаш значи дека сме го одземале правото на Комисијата како матично тело да разгледува, рече Димовски.


Текстот е прочитан 495 пати.
#
56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
ЕЛЕМ нема да бара поскапување на струјата
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не сакаат туѓи платформи
Миноски: Нови 72 милиони евра за малите и средните бизниси
СДСМ: Мнозинската волја на граѓаните ќе се реализира во разумен момент
СДСМ: Ја осудуваме изјавата на дебарскиот градоначалник Лата
Тодоров: Вакцините се безбедни, родителите да не го одложуваат вакцинирањето
Ниски температури во цела Македонија, земјоделците стравуваат од големи штети
ММФ и Светска банка: Македонската економија е стабилна и покрај политичката криз
ВМРО-ДПМНЕ: Нема да се реализира тиранската платформа затоа што граѓаните ја осудуваат

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter