Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

16.02.2017, 13:38

УКИНАТ ИМУНИТЕТОТ НА ДВАЈЦА ФУНКЦИОНЕРИ

Опозицијата на протест пред Собранието на Црна Гора

ЦРНА ГОРА, 16 февруари - Црногорскиот Парламент на вчерашната вонредна седница донесе одлука за укинување на имунитетот на опозициските лидери на Демократскиот фронт Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ.

Мандиќ и Кнежевиќ се осомничени дека подготвувале терористички активности на изборната ноќ на 16 октомври минатата година. Укинувањето на имунитетот на двајцата лидери на Демократскиот фронт ја отвора можноста тие веднаш да бидат уапсени по налог на специјалниот државен обвинител Миливој Катниќ.
Амбасадата на САД во Црна Гора ги предупреди вчера своите граѓани кои живеат во земјата дека пред Собранието се очекува големо присуство на полицијата во случај да се оствари најавата на Демократскиот фронт, за време на гласањето за укинување на имунитетот на Мандиќ и Кнежевиќ, приврзаниците на партијата да се соберат пред институцијата.
Пред да започне гласањето, пред зградата на црногорското Собрание се одржаа протести во кои учествува и двајцата лидери на опозициската партија, како и приврзаниците на Демократскиот фронт кои се против укинувањето на имунитетот за двајцата функционери. Тие со навредливи извици ги дочекаа пратениците на владејачката коалиција на влезот во парламентот.



Опозицијата ја бојкотира работата на Парламентот од вонредните парламентарни избори на 16 октомври минатата година. Откако Административниот одбор на Собранието на Црна Гора во понеделникот одлучи да го укине имунитетот на Мандиќ и Кнежевиќ, опозицијата одлучи да ги бојкотира локалните избори во Никшиќ, закажани за 12 март. Мандиќ и Кнежевиќ се сомничат за кривични дела за создавање на криминални организации подготвување на дела против уставното уредување и безбедноста на Црна Гора, извршени по пат на поттикнување на вршење на кривични дела на тероризам.
Според наводите на главниот Специјален обвинител, постои основно сомнение дека Мандиќ и Кнежевиќ извршиле кривични дела со кои се товарат, бидејќи станале членови на криминалната организација која во 2016 година ја основале Едуард Широков и Владимир Попов, со цел вршење на кривични дела тероризам и други кривични дела. Мандиќ и Кнежевиќ, се наведува, прифатиле да постапуваат според налагањата на организаторите на криминалната организација, да организираат протестни собири кои ќе бидат искористени за напад на Собранието од членовите на криминалната организација, а за кои претходно било обезбедено оружје.


Текстот е прочитан 614 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter