Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

08.03.2017, 12:18

Турската Влада ни отстапува простор во амбасадата во Казахстан

Со меморандум за согласност, македонската и турската Влада, договориле отстапување на простории во зградата на амбасадата на Турција во Казахстан, за Македонија.

Во документот, кој е одамна подготвен, a вчера беше усвоен во турскиот парламент, пишува дека со цел дипломатско претставување на Македонија, во работните простории на амбасадата на Турција во Астана, да и` се доделат бесплатно еден простор од три соби кои Ќе ги користат лица назначени од Министерството за надворешни работи како членови на мисијата, за цели утврдени со Виенската конвенција за дипломатски односи.

Во меморандумот за соработка, стои дека дипломатското претставништво ќе ги почитува неповредливоста на архивата и документацијата, слободата на комуникација во согласност со одредбите на конвенцијата и ќе помага за ефикасно водење на активностите на претставништвото на Македонија.

Дипломатското претставништво на Македонија ќе биде претставено пред казакстанските власти, кои ќе ги изготват дипломатските лични карти, регистарските таблички, како и другите потребни документи за функционирање на нашето претставништво таму.

Надвор од зградата на амбасадата на Турција , како и во заедничките простории нема да може да се постават симболи или знаме освен она на Турција. Дипломатското претставништво на Македонија ќе може да истакне знаме и натпис во доделените простории.


Текстот е прочитан 961 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter