Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

07.03.2017, 13:52

СЛАВНАТА БРИТАНСКА ВИОЛИНИСТКА ЗА ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА

Ванеса Меј со концерт во Скопје

Британската мегапопуларна виолинистка Ванеса Меј за прв пат доаѓа во Македонија, на 15 мај, во "ВИП-арената" во Скопје.

Годинава тоа ќе биде нејзин единствен концерт во регионот. Концертот е во организација на "Прагма продукција", а е поддржан од Минис-терството за култура на Македонија и од Македонската филхармонија.
Атрактивната виолинистка која важела за "чудо од дете", сега е една од најпознатите ви-олинистки на сите времиња. Позната е по спојот на техно и на класичниот стил. Уште на свои 16 години ги поместила музичките граници кога го објавила албумот "Виолинист", формирајќи необична мешавина на џез, поп и на техно-звук, но се издвојува и по своите сценски настапи и по необичниот изглед. Албумот, веднаш по објавувањето, се нашол на топ-листите во над 20 земји во светот.
Запишана е во Гинисовата книга на рекорди како најмладиот инструменталист кој изве-дувал виолински концерти на Бетовен и на Чајковски. Особено остава впечаток со своја-та изведба на "Токата и фуга" на Јохан Себастијан Бах во Де-мол.
Ванеса е првиот изведувач на класичен инструмент кој бил номиниран за престижните награди Брит, за најдобар женски изведувач. Во 2006 година, била рангирана како еден од најбогатите млади изведувачи, со заработка од над 32 милиони фунти од концерти и од продажба на 10 милиони албуми ширум светот, што е вистинска реткост за еден виоли-нист. Свири на два типа виолини, класичен модел на Гваданини од 1961 година, чија вред-ност се проценува на 150 илјади фунти, и на електрична виолина зета џез.
Билетите за концертот, кои се во ограничен број, ќе бидат пуштени во продажба утре, на сите продажни места на "Купи карти за сè" низ цела Македонија, "Пола Југотон" и цве-ќарницата "Розе Веро 2".


Текстот е прочитан 706 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter