Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

15.03.2017, 14:18

ИЛИЈА НЕСТОРОВСКИ: ФУДБАЛЕРОТ КОЈ ГИ ТРЕСЕ МРЕЖИТЕ ВО ИТАЛИЈА НЕ ГО ЗАБОРАВА СВОЈОТ МАТИЧЕН КЛУБ

Редовно ја гледам Победа преку "стрим"

Кога сум слободен или во карантин редовно си ја гледам нашата домашна лига а посебно мојот матичен клуб од Прилеп

Илија Несторовски е скромно момче, кое замина во Италија со скромни амбиции, но таму буквално експлодираше и тоа е причината поради која секогаш кога ќе се спомне Палермо, веднаш се мисли на неговата прва виолина. Паралелно со успесите во клубот, следеа и успесите со националниот тим. Заедничко е тоа што и во двете средини не цутаат рози. Палермо има тешка битка за опстанок, а националниот тим нема победа во квалификациите.
Прилепчанецот ја игра најдобрата сезона, но и покрај бројните обврски во Италија, тој има време за следење и на случувањата во Македонија.
Си гледам фудбал од домашното првенство. Во денешно време преку стрим може да гледате кого сакате. Така и јас. Кога сум слободен или во карантин, и кога немам обврски со клубот, редовно сум на таблет. Си ја гледам домашната лига, а посебно мојот матичен клуб Победа. Многу ме израдуваа со победата над Вардар пред една недела... Штета што не играат дома во Прилеп, затоа што мојот роден град долги години е жеден за фудбалл, коментира Несторовски за Вест од Сицилија.



Нестор-ГОЛ е еден од нашите адути за првата победа во квалификациите за пласман на СП 2018 во Русија. Идниот петок гостуваме во Вадуц, кадешто ќе ги одмериме силите со аутсајдерот Лихтенштајн.
Во фудбалот нема слаби репрезентации. Барем е тоа така за нас, поучени од минатото. Но, мислам дека сега ќе победиме. Чувствувам сигурност, затоа што зад себе имаме четири порази а првите три од Албанија, Израел и од Италија не ги заслуживме. Само Шпанија беше играчки подобра од насс.
Во неделата, поради офсајд му беше поништен гол на дуелот со Рома, а претходно им ги тресеше мрежите на Милан, Наполи, Аталанта, Удинезе... Во репрезентативниот дрес ги тресеше Израел и Италија.

КАПИТЕН НА ПАЛЕРМО

Во неделата, Илија Несторовски го прослави 27. роденден. Од клубот знаеја како да му се поклонат. Покрај традиционалната торта, тој имаше чест и да биде капитен на дуелот со Рома.
По тој повед. Несторовски направи специјална лента со знамето на Македонија, неговите иницијали, бројот на дресот што го носи во Палермо (30) и со името на неговата ќеркичка - Ирина.


Текстот е прочитан 3253 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Граѓаните бараат избори за излез од кризата - 57-ми ден протести на „За заедничка Македонија“ (Фотогалерија)
Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА денеска по 57-ми пат од пр...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter