Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

02.03.2017, 19:11

СДСМ се надева дека Иванов ќе ја преиспита својата одлука и ќе му го даде мандатот на Заев

Зоран Заев, лидерот на СДСМ, изрази надеж дека претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе ја преиспита својата одлука, ќе ги почитува демократските процеси и, како што кажа, ќе му го врачи мандатот за формирање влада.

- Во моментот зад овие 67 пратенички мандати стојат приближно 700 илјади гласачи и тоа не можете да го пренабрегнете, едноставно треба да го почитуваме. Причина повеќе е и што стравот од ескалирање на кризата е реално присутен кога имате неразумни политичари во државата, изјави Заев.

Според него, политичката криза во Македонија треба да се реши согласно Уставот и законите, а за пријателски треба да се сметаат изјавите на политичари од меѓународната заедница кои повикуваат на брзо формирање влада, додека се друго, како очекување Македонија да биде без влада, без институции, не може да се смета, дополни Заев, за пријателско однесување кон Македонија.

- Оттука, првиот чекор е Иванов да ја преиспита својата одлука и да ги почитува овие 67 мандати за да може да се придвижат процесите. Давањето мандат не значи со сигурност дека ќе биде формирана влада, но тоа е патот по кој треба да се движат процесите во Македонија, изјави Заев.

Тој не одговори кои се следните чекори на партијата и дали ќе биде иницирано продолжување на првата собраниска седница со формирање комисија за прашања на изборите и именувањата и избор на претседател на Собранието.

- Ги разгледуваме сите опции. Една е и таа, но пред се се движиме во рамки на она што претставува нормален логичен редослед на постапките, рече Заев, додавајќи дека опциите ќе се земат предвид највнимателно, од секој можен аспект.

Има многу причини за да се однесуваме внимателно, истакна Заев, но истовремено и брзо.

- Ако до недела Македонија нема претседател на Собранието, тогаш нема кој да ги распише овие избори. Според законот, изборите се во првата половина на мај, рече Заев и потенцира дека изборите може да ги распише само претседател на Собранието.

Лидерот на СДСМ рече дека би отишол на средба со претседателот Иванов само за да се деблокираат процесите во земјата.

- Во кое било време, на кое било место би одел, само да ги одблокираме овие процеси. Се надевам дека тој ќе преспие, дека доволно ќе размисли што е интерес на Република Македонија. Тоа мора да биде нашата одлука како политичари во Македонија. Македонија ден поскоро треба да добие влада, рече Заев по средбата со Могерини.


Текстот е прочитан 851 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter