Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

27.03.2017, 14:24

КОЛЕ АНГЕЛОВСКИ СО ПРЕМИЕРА НА "НИШТО БЕЗ ТРИФОЛИО"

Македонска грчко-римска комедија во Прилеп

Премиера на "Ништо без Трифолио" од Русомир Богдановски, во режија на Коле Ангеловски ќе се одржи вечерва во Прилепскиот театар.

Во најавата за премиерата Ангеловски додава: "Со Прилепскиот театар прославувам редок јубилеј - соработуваме 35 години, а ова ни е 26-та заедничка претстава. Тоа се претстави што публиката сака да ги гледа, како што се 'Солунски патрдии', 'Од кол на кол' кои имаат рекордни изведби, што се реткост и за Македонија".
Тој нагласи дека дејството на претставата "Ништо без Трифолио" се случува во римско-античко време.
Режисерот вели дека идејата е да постават љубовно-еротска приказна, но со неа да отсликаат и дел од актуелниот момент.



Актерот Илија Волчески, кој го толкува Трифолио, и кому ова му е прва соработка со Ангеловски вели: "Ликот што го толкувам е лукав човек и сè што се случува зависи од него. Трифолио преку пријателството, а Амор преку љубовта ги соединуваат сите ликови во претставата. Се надевам дека публиката ќе ужива во изведбата".
Директорот на Центарот за култура "Марко Цепенков", Тони Чатлески смета дека соработката со режисерот Ангеловски е најплодна за театарот.
Покрај Волчески играат и Андон Јованоски, Даниела Иваноска, Наташа Наумоска, Ангела Наумоска, Александар Тодески, Марјан Чакмакоски, Димитар Црцороски, Димитар Ѓорѓиевски, Марија Спиркоска-Илијеска и Михајло Миленкоски. Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимите се на Раде Василев, а музиката на Томе Темелкоски. (К.Р.)


Текстот е прочитан 655 пати.
#
Викенд со Кјубрик, шпански и француски филмови
Танцот ми дозволува да останам своја
Ретро-комбе го рекламира "Малиот гангстер"
РОМАН НА ГОДИНАТА: Врачена наградата на писателот Давор Стојановски
Бајка со магионичарски ефекти
Создавај уметност и продавај ја
Со Пикасо во ЕУ
Скопје во 3Д филм со "Танц фест"
Милчо Манчевски со Медлин Олбрајт и со директорите на УНЕСКО, „Кенеди“ и „Гугенхајм“ на културен самит во Абу Даби
Скопје танцува во 3Д (Фото)

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter