Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

26.12.2016, 13:48

ОТКАКО ПРЕМИНА ОД ВОЛФЗБУРГ ВО ПСЖ ЗА 42 МИЛИОНИ ЕВРА

Дракслер стана вториот најскап германски фудбалер

Јулијан Дракслер е првата голема трансфер-бомба во зимскиот преоден рок во Европа, откако ПСЖ го купи од Волфзбург за сума од 42 милиони евра, што со бонуси би можело да порасне за дополнителни пет милиони.

Светскиот првак од 2014 година потпиша четири и полгодишен договор со францускиот шампион и ќе заработува девет милиони евра по сезона, што е двојно повеќе од платата во Волфзбург.
Дваесет и тригодишниот офанзивен играч за врска со тоа стана вториот најскап германски фудбалер на сите времиња, зад Лерој Сане, кого Манчестер сити летоска го плати 50 милиони евра.
Дракслер кој во ПСЖ ќе го носи дресот со бројот 23, одигра само сезона и пол за Волфзбург, каде што пристигна од Шалке како замена за Кевин де Брујне за клупски рекорд од 37 милиони евра, но не ги оправда очекувањата, откако имаше само осум гола и десет асистенции на 45 натпревари. Тој уште летоска, по ЕП, почна да бара трансфер и за негови услуги најмногу беше загреан Арсенал.
- Среќни сме што ова брзо се заврши. Имавме интензивни преговори и се излезе добро по двете страни - изјави директорот на Волфзбург, Олаф Ребе.


Текстот е прочитан 923 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Најзгодните светски ѕвезди во бикини за 2016
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Паштета со 'фстаци
Приготвување: во загреаниот путер малку пропржете ги ситно сечканите кроми...
Site Meter