Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

29.12.2016, 14:03

Подароци за штитениците во центарот "Порака"

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Сокол Митровски, традиционално, ги посети штитениците во Центарот за лица со пречки во развојот во населбата Волково.

За нив беа обезбедени 45 новогодишни подароци.
Во Центарот, кој го води НВО "Порака" од Неготино, во изминатиов период преуредени и реновирани се сите простории од стариот објект , а за потребите на штитениците изградена е и нова зграда, со вкупна корисна површина од 240 м2. На приземјето се занималната и три помошни простории, а 120 м2 на катот служат за престој и за одмор на штитениците. Исто така, изведена е и нова камена ограда, во должина од 150 метри и со височина од 1,4 метри.



Претставниците од НВО "Порака" и штитениците на градоначалникот Митровски му подарија платнена торбичка, на која се извезени пејзажи, како и витраж слика, исто така, изработена од штитениците во Центарот, соопшти Општина Ѓорче Петров. Градоначалникот Сокол Митровски, вчера, во просториите на локалната самоуправа ги прими семејствата на загинатите бранители од 2001 година по повод новогодишните празници, и притоа им додели новогодишни подароци. Тој истакна дека Општината Ѓорче Петров никогаш нема да ги заборави Бранко, Томе, Ивица, Раде, Ацо и сите останати кои ги дадоа животите за слобода на татковината.


Текстот е прочитан 557 пати.
#
Триесет кандидати се обучуваат за професионални пожарникари
Простор за 250 деца во градинката "Штркче"
Ќе се обновува Старата учителска школа
Прифатилиштето ќе се проширува со парите за новогодишната прослава
Гази Баба годинава ќе асфалтира 72 улици
Паркот Нирнберг ќе се наводнува со автоматски прскалки
Скопје се чисти од новиот снег
Да се внимава на внатрешните инсталации
Скопјани се собраа во Мичурин за Василица
Без парно, на помош ќебиња и греалки

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Модни трендови за тинејџери во 2017 според Вог
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Зелен сос
Приготвување: пиперките исечете ги по должина, извадете им ги семките и ис...
Site Meter