Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

06.04.2017, 13:34

УМЕТНИКОТ ФИЛИП ФИДАНОВСКИ ЗА ДРЕС-КОДОТ НА ЈАВНИТЕ НАСТАНИ

Ни фали естетско образование

Кај нас се оди во фармерки и патики во театар на премиера, на опера се оди во мини здолништа и раскопчани кошули без усогласеност на облеката, во патики и во чизми

Не­го­ви­от стил на об­ле­ку­ва­ње е елегантен, ек­сцен­три­чен, раз­ли­чен и не­се­кој­дне­вен. Со сво­ја­та по­ја­ва, мод­ни­от из­бор, до­да­то­ци­те и чев­ли­те, пре­диз­ви­ку­ва вни­ма­ние ка­де и да се по­ја­ви. Тоа што уметникот и професор Филип Фидановски (39), роден скопјанец, ќе облече, никој нема храброст ниту естетско чувство да го носи. Урбан лик од културните и од модни случувања во земјата. Сти­лот не му от­скок­ну­ва ни­ту во се­кој­днев­но­то жи­ве­е­ње, дру­же­ње или на работното место во Државното средно училиште за ликовни уметности и дизајн "Лазар Личеноски" во Скопје. Ова не е разговор со уметникот Фидановски, туку со врвниот естет Фидановски. 
Што си: моден фанатик или зависник? Што е за тебе модата? Од кога почна да те интересира?
- И фанатик и зависник или некоја комбинација од двете. Не мислам дека сум фанатик ниту пак зависник доколку би имало нешто трето или микс од овие две дефиниции можеби тоа би бил. Но, едно знам дека сум голем почитувач на убавото, во исто време и уживам во убавото, оттука и во убавината на облекувањето - модата. Модата за мене е едноставно стил на живеење, однесување, самоосознавање, оригиналност, храброст. Не можам да кажам точно од кога почна да ме интересира модата. Од најмала возраст. Моите родители отсекогаш воделе сметка како се облекуваат. И ден-денес мојата мајка многу внимава на облеката и стилот. А и има една поговорка "крвта вода не бива" мојата баба беше професионална шивачка, како шивачка и моделар работеше во модната конфекција за детска облека "Наше дете" која, за жал, денес веќе не постои. И ете, од како малку повеќе разбирам, јас од секогаш сум бил убаво и складно облечен, секако во раното детство за тоа придонеле моите родители, и со тоа културата на облекување ми ја пренеле и мене.
 Во Македонија модата е потценета или преценета?
- Мислам дека модата е потценета бидејќи кога ќе ги видите луѓето како се облекуваат, ќе видите дека малку повеќе ни фали естетско образование, тоа спаѓа во ликовното образование, кога основно ќе научите како се комбинираат боите и материјалите, ќе научите како тоа без разлика што Вие можеби не знаете да цртате, но добро да ги искомбинирате боите и материјалите на вашата гардероба и тогаш да изгледате убаво. Кај нас сè уште модата се сфаќа како готов бренд кој треба да го купиш и толку. Ретко можете да видите некој со оригинален и уникатен детаљ на себе.
 Колку модата е култура на живеење?
- "МНОГУ" едноставно, модата е култура на живеење. Тоа што го носите на вас во голема мера кажува за вас, но и мора да знаете да го носите. Во модата се прават страшни грешки. Како што живеете така и се облекувате. Едно со друго одат тие две работи.



 На сите настани си исклучиво дотеран и го почитуваш дрес-кодот. Дали во Македонија се почитува протоколот на некој настан и колку е тоа од важност?
- Почитувањето на дрес-кодот е од огромна важност, но нели правилата се напишани за да се прекршуваат, не секогаш и дрес-кодот треба да се почитува. Да не бидам погрешно сфатен, мислам на следново: некогаш и не треба да го почитувате дрес-кодот - тоа зависи што сакаш да постигнеш со прекршување на конкретен дрес-код. Но, тука веќе станува збор за одредена цел која треба да се постигне. Како пример, јас на 2. Виенски бал го прекршив дрес-кодот иако познавајќи ме, организаторите ме предупредија дека не треба да дојдам во бело облечен. Сепак, јас дојдов во бел фрак. И бев најдотераниот маж по сите протоколи на правилата за бал. Во салата немаше маж кој беше облечен во фрак, и верувајте и ден-денес никој кој оди на тој бал не знае како да се облече. Јас тогаш ја постигнав целта, повеќето весници беа со мене на насловна страница со коментарот вака се оди на бал, да појаснам тоа се случуваше кога почна мојата кариера како уметник, и тоа беше со цел направено. За жал, во Македонија не се почитува ништо што се однесува до културата на живеење, па ни дрес-код на одредени настани. Бидејќи кај нас се оди во фармерки и патики во театар на премиера, на опера се оди во мини здолништа и раскопчани кошули без усогласеност на облеката, во фармерки, патики, чизми. Јас многупати сум реагирал и ми пречи кога ќе видам дека на одреден настан се појавуваат луѓе несоодветно облечени. Ако јас се прашувам, тие што не го почитуваат дрес-кодот би ги вратил, не би ги пуштил да влезат во театар или на каков било настан каде што постои непишано или пишано правило за облекување. 
Како ја избираш гардеробата за еден настан?
- Во мојот плакар има доволно гардероба која може да се комбинира. Онаа која е за секој ден, за на работа и дневна шема, се разбира е од продавниците во градот и од други места каде што јас купувам. А онаа гардероба која е по протокол за вечерни настани, состаноци, е специјално шиена и сè е моја креација.
 Кај жените универзална тоалета е малиот црвен фустан. Што е според тебе, за мажите?
- Црниот костум, кој секој маж мора да го има во својот плакар.
 Што треба мажот да има во гардероберот?
- Уф. Многу работи треба да има. Еве да се обидам да набројам неколку. Барем неколку костуми во различна боја. Секогаш долна облека која е според мене најбитниот дел од облеката, за мене долната облека мора да е најпрефинетиот детаљ, поради што доколку е добра - дотолку и вашата самодоверба е поголема. 
Дали тоа што си уметник те направи и моден експерт или тоа мора да е вродено?
- Мислам дека е вродено, ако не се занимавам со тоа со кое сега се занимавам, керамиката и дизајнот на керамика и порцелан, јас ќе бев моден креатор. Но, не се знае, може еден ден и да се впуштам во авантурата да направам моја колекција.
 Кои ти се омилени парчиња во гардероберот?
- Сите ми се омилени, нема парче гардероба кое не ми е омилено или аксесоар.
 Што најмногу ти пречи кај скопјаните? Долги години живееше во Софија каде што стилот и културното живеење се подразбираат. Направи една паралела. Софија и Скопје.
- Да, живеев скоро 10 години во Софија, таму студирав. Во тој период, но и денес имав можност да се запознаам со многу луѓе, да посетам многу настани. Разликата е голема. Пак ќе се навратам на образованието. Кога вие сте доволно образован дека во опера се оди во смокинг или фрак и така налага непишаното правило, така треба и да биде. Е тоа таму го има, а кај нас не. Разликата е голема во културата на живеење. Нам многу нешта ни фалат. Пред сè, култура.
 Твој совет за модни зависници и модни почетници?
- Советот би бил да се оригинални и да не се срамат да го облечат она што го сметаат за нивен стил, но и да ги почитуваат непишаните и пишаните правила на облекување.
Л. Сабит


Текстот е прочитан 3151 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter