Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

13.03.2017, 08:57

НАМЕСТО ДА СЕ УЖИВА ВО ПРИРОДАТА, СООБРАЌАЕН ХАОС

Секој викенд Водно блокирано од коли

Наместо Водно да биде место каде што скопјани можат да избегаат од загадениот град и од вревата, да се рекреираат и релаксираа во убава и пријатна атмосфера, тоа, особено за викендите, станува центар на сообраќаен хаос. Колони автомобили се движат кон и од Средно Водно, а таму паркиралиштата и сите приодни патишта се преполни со паркирани коли. Ретко кој го користи градскиот автобус, кој сообраќа на 20 минути. Рекреативците негодуваат дека мора да се најде решение, оти шумата треба да остане еколошки чиста.

"Често пешачам на Водно, но за време на викендите горе е ужасно. Не ги разбирам сите оние што доаѓаат со коли, затоа што смислата на доаѓањето тука е да се дише чист воздух , а не да не можеш да поминеш од автомобили. Апелирам до градските власти да преземат нешто, да го забранат сообраќајот на Водно преку викенди, па оние што не можат да пешачат, нека дојдат со автобус", вели Милан од Скопје.
Од Град Скопје велат дека во изминатиот период инвестирале во развојот на рекреативната компонента на Водно, со цел уште повеќе да се отвори просторот за рекреирање, но и за користење на алтернативен превоз за доаѓање.
"Се размислува за сите можни варијанти кои ќе му овозможат на овој простор да заживее целосно како спортско-рекреативна средина. Воведувањето на жичарницата и правењето проекти за нејзино продолжување, преставува дел од напорот да се намали бројот на автомобили. Град Скопје воведе редовна автобуска линија и им понуди на граѓаните алтернативен начин за доаѓање на Водно. Покрај тоа, постојано се промовираат јавни активности за пешачење и за доаѓање со велосипед", објаснуваат од Град Скопје.
Сепак, градските власти сметаат дека целосното исклучување на сообраќајот е многу компликувано решение, оти треба да се направи широка анализа, а освен тоа, согласност за таков сообраќаен режим треба да се добие од сообраќајната полиција која би требало и да го регулира таквото решение. Оттаму велат дека во деновите на викендите и на државните празници, засега, до реализација на некое поиздржано трајно решение, сообраќајната полиција може да го регулира сообраќајот во услови кога се исполнети капацитетите за паркирање на Водно.

(Ан.С.)


Текстот е прочитан 1945 пати.
#
Изградбата на Конгресниот центар ќе стартува во септември
Побелеа коњите во фонтаната на "Филип Втори"
"Паркови" подготвува извештај за секоја палма поединечно
Асфалт наместо макадам на "Наум Наумовски-Борче"
Целосна нега за стари лица во нивните домови
Низ град се слуша ѕвон, почитувај вело бонтон
335 нови кревети за студентите во "Гоце Делчев"
Ќе запре изградбата на Офицерски дом
Екобилборд ќе ја јаде прашината во Скопје
Автопералницата остана како чир на "Трета македонска бригада"

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter