Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

12.04.2017, 14:56

УШТЕ ЕДНА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА СООБРАЌАЈКАТА СО ЖРТВА ВО СКОПСКАТА НАСЕЛБА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

"Мерцедесот" што го усмрти Христијан, бил со фалсификувани таблички

Возачот Јонче Д. (45) од скопско Јурумлери кој на 20 септември минатата година го усмрти деветнаесетгодишниот Христијан Крстески, ставил на возилото регистарски таблички од друг автомобил.

За овој настан, полицијата му поднесе кривична пријава за фалсификување патна исправа, а пријава за помагање доби негов соселанец. Според МВР, пријавениот возач пред сообраќајката отишол во сервисот на Т.Т. (55), кој се наоѓа во истото село. Од еден од паркираните автомобили, со дозвола на сопственикот, отшрафил регистарски таблички од автомобил "застава 125" и ги ставил на автомобилот "мерцедес", кој бил без регистарски ознаки. Потоа, во населбата Гоце Делчев, возачот, под дејство на алкохол, удри со автомобилот со фалсификувани таблички во велосипедистот Христијан, по што тој почина. Јонче Д. во моментов се наоѓа во притвор и против него, за оваа сообраќајка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Според евиденцијата на Основниот суд Скопје 1, возачот и претходно бил осуден на парични казни за една сообраќајка во која тешко повредил пешак и за лажно сведочење. По сообраќајката во која загина 19-годишниот велосипедист, на патниот правец кон Петровец неколку пати беа одржани мирни протести, со барање за поголема безбедност на патот, каде што сообраќајките се честа појава. (К.Д.)


Текстот е прочитан 3044 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter