Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

29.03.2017, 13:45

ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ГИ УТВРДУВА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД СТУДОТ

"Паркови" подготвува извештај за секоја палма поединечно

"Согласен сум дека тие сега визуелно изгледаат исушени, но мора да имаме предвид дека треба време тие повторно да разлистаат", вели директорот Авировиќ

ЈП "Паркови зеленило" следните неколку дена ќе прави анализи на палмите, за да утврди во каква состојба се по минусните температури од почетокот на годинава. Откако од нив се симнаа јутата и најлоните со кои беа обложени за да се заштитат од студот, на палмите се гледаат пожолтени листови.
Директорот Душан Авировиќ вели дека очекува целосниот извештај за состојбата на палмите да биде готов следната недела.
"Согласен сум дека тие сега визуелно изгледаат исушени, но мора да имаме предвид дека треба време тие повторно да разлистаат. За да утврдиме точно во каква состојба се, јас ги задолжив моите најдобри вработени да направат детална анализа и очекувам извештај за секоја палма поединечно. Секој друг коментар за палмите во овој момент би бил погрешен", вели директорот Авировиќ.
Во Скопје, по улиците и булеварите, во изминативе неколку години години се засадени вкупно 138 палми. Тие се дел од проектот на ЈП "Македонски шуми" за садење егзотични дрвца низ градовите во Македонија. Освен во Скопје, ги има во Струга, Охрид, Велес, Дојран, Струмица и во Гевгелија. "Македонски шуми" за набавка на 1.100 садници од типот влакнести палми потроши околу половина милион евра. (М.И.П.)


Текстот е прочитан 1716 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter