Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

07.03.2017, 13:37

КРАЛОТ НА ТРУБАТА, ЏАМБО АГУШЕВ, ГО ПРОМОВИРАШЕ НОВИОТ ПРОЕКТ ВО ЛОНДОН

Во "Би-би-си" се воодушевија од "Таксим дрим"

Македонскиот крал на трубата Џамбо Агушев, и неговиот оркестар минатата недела го претставија својот нов проект "Таксим дрим" на телевизијата "Би-би-си" во Лондон.

Џамбо имаше 35-минутен концерт на оваа телевизија, заедно со иранската ѕвезда Мамак Кадем. На овој, како што го нарекуваат, брилијантен проект на Џамбо, специјален гостин е легендарниот турски кларинетист Хусну Шенлендиричи.
"Многу сме задоволени од гостувањето. Ни оставија големи впечатоци, професионалци се и многу се импресионирани од нашата работа, поточно од 'Таксим дрим'. Ми рекоа дека се воодушевени.
'Со многумина музичари сме снимале, ама вие сте нешто особено, што досега не сме го слушнале'", ни рече водителката Паризат.
"Беше уживање да соработуваме со Мамак Кадем. Ни рекоа дека сакаат повторно во септември, во Лондон, на 'Би-би-си', да настапиме со легендарниот кларинетист Хусну Шенлендиричи", вели Џамбо.
Соработката меѓу Џамбо и Хусну почнала минатото лето, кога тој престојуваше со оркестарот на грчкиот остров Санторини, каде што ја обработи песната на Хусну - "Наз", посветена на неговата ќерка. Кога заминал Џамбо за Истанбул, како гостин на новиот проект на Меркан Деде, повторно се сретнале и почнала соработка со синовите на Хусну. Ним многу им се допаднал новиот проект на Џамбо "Таксим дрим" и оттогаш им се зацврстила соработката. Двајцата велат дека соработката ќе продолжи и понатаму, особено по гостувањето на "Би-би-си", каде што нивната работа ќе ја види целиот свет.


Текстот е прочитан 717 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter