Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

31.03.2017, 12:59

РЕВОЛТ ПОРАДИ ПОСТЕРОТ ЗА ГОДИНЕШНИОТ КАНСКИ ФЕСТИВАЛ

Французите ја истенчија Кардинале

ФРАНЦИЈА- Официјалниот постер за годинешниот 70. Кански филмски фестивал наиде на критики, бидејќи фотографијата на италијанската актерка Клаудија Кардинале била фотошопирана за да изгледа послаба.

Француските медиуми реагираат со презир кон Фестивалот поради шминкањето на фотографијата со Кардинале, на која таа танцува на покрив во Рим во 1959 година.
Медиуми, како "Либерасион", "Телерама" и "Монд ", реагираат дека половината и бутовите $ се истенчени за да изгледа легендарната актерка повито.
"Зошто беше потребно да се ретушира ѕвезда", пишува "Телерама", а пак, "Монд", на онлајн читателите им нуди алатка за да анализираат како е променета сликата.
Критики за постерот има и на социјалните мрежи, меѓу кои се: "Ако дури и Клаудија Кардинале не може да ја претставува убавината, без да биде коригирана, тогаш, навистина, сме во неволја" и "Кардинале не беше доволна тенка за Кан".



Кардинале (78) за "Хафингтон пост" изјавила дека е горда и среќна што Фестивалот ја избрал нејзината фотографија за 70. роденден.
"Оваа слика е ретуширана за да го добие ефектот на лелеавост и да ме прикаже како лик од соништата. Нема простор за загриженост, не гледам на ова како на навреда на женското тело. Постојат многу поважни работи за кои треба да дискутираме во нашиот свет. Тоа е само филм".
"Танцувањето на покривот во Рим во 1959 година ме потсетува на времето кога не можев ни да замислам дека еден ден ќе се качувам на скалите со црвен килим на најпрославениот фестивал во светот", стои во нејзината изјава која ја испрати Фестивалот. Кардинале глуми во некои од најдобрите европски филмови од '60-тите и '70-тите години на минатиот век, меѓу кои "8 1/2" на Федерико Фелини.
Фестивалот годинава ќе се одржи од 17 до 28 мај, а досега е познато дека Моника Белучи ќе биде домаќинка на отворањето и на затворањето, а шпанскиот режисер Педро Алмодовар ќе биде претседател на жирито.


Текстот е прочитан 1624 пати.
#
Викенд со Кјубрик, шпански и француски филмови
Танцот ми дозволува да останам своја
Ретро-комбе го рекламира "Малиот гангстер"
РОМАН НА ГОДИНАТА: Врачена наградата на писателот Давор Стојановски
Бајка со магионичарски ефекти
Создавај уметност и продавај ја
Со Пикасо во ЕУ
Скопје во 3Д филм со "Танц фест"
Милчо Манчевски со Медлин Олбрајт и со директорите на УНЕСКО, „Кенеди“ и „Гугенхајм“ на културен самит во Абу Даби
Скопје танцува во 3Д (Фото)

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter