Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

03.03.2017, 13:59

НА КРАЈОТ ОД СЕЗОНАТА

Луис Енрике си заминува од Барселона

Луис Енрике ќе замине од Барселона на крајот од сезоната.

Стратегот на Каталонците го изјави ова на прес-конференцијата по убедливата победа против Спортинг Хихон од 6:1, во 25. коло од шпанската Примера, потврдувајќи ги шпекулациите што со денови се присутни во јавноста.
- Сакам да ја завршам оваа конференција за новинарите на друг начин. Сакам да соопштам дека во следната сезона нема да бидам тренер на Барселона. Потребен ми е одмор. Тоа е главната причина. Начинот на кој ја работам оваа работа е причината поради која морам да заминам. Премалку се часови за одмор, а мене ми е потребно тоа - изјави Енрике и додаде:
- Сакам да му се заблагодарам на клубот за довербата што ми ја даде. Имав незаборавно искуство со овој тим. Остануваат возбудливи три месеци во кои можеме да освоиме три трофеи. Еден од нив е и Лигата на шампионите. Имаме мали шанси, но со вистински пристап и настап, можеме да направиме резултатски пресврт.



Луис Енрике ја започна својата тренерска кариера во Барселона Б, по што ги водеше Рома и Селта. На "Камп ноу" се врати во 2014 година и веќе во првата сезона ги предводеше Каталонците до пет титули: шпанското првенство, шпанскиот Куп, Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство.
Во шпанските медиуми веќе се појавија шпекулации дека тренерот на Севилја, Хорхе Сампаоли, би бил најдобриот избор за наследник на Енрике, но проблем би можел да биде неговиот карактер, што не се вклопува во имиџот на клубот, а и претседателот Бартомеу преферира стручњаци кои претходно го носеле дресот на Барса.
Друго име кое се споменува е она на Ернесто Валверде, кој сега го води Атлетик Билбао.


Текстот е прочитан 882 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Граѓаните бараат избори за излез од кризата - 57-ми ден протести на „За заедничка Македонија“ (Фотогалерија)
Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА денеска по 57-ми пат од пр...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter